Неделата на отворен пристап 2013 е глобален настан, веќе 7ма година, кој го промовира отворениот пристап како нова норма во образованието и истражувањето.
Овогодинешната тема е „Отворен пристап: Редефинирање на влијанието“, а во периодот 21 – 27 октомври ширум светот ќе се одржат различни настани.
Отворениот пристап (ОА) – слободен, брз, онлајн пристап до резултатите од научни истражувања и право за користење и реупотреба на тие резултати според вашите потреби – ја има моќта да го трансформира начинот на кој се спроведуваат истражувањата и научните анализи. Тој има директно и големо влијание врз науката, медицината, индустријата и општеството во целина.
Неделата на отворен пристап е клучна можност за сите членови од заедницата да преземат акција за придвижување на оваа динамика.