Минатата недела професорот Владимир Трајковиќ од ФИНКИ сподели со ООР тимот информација дека пред десетина години тим од ЕТФ од Македонија, од која и тој бил дел, има објавено, веројатно, еден од првите отворени онлајн курсеви. Се работи за курсот за „UML“ (Unified Modeling Language).
Овој отворен курс за креирање дијаграми беше достапен на англиски јазик и користен од многу корисници од светот, но за жал повеќе не е хостиран. Сепак, од него сè уште има „интернет траги“ и потврда за неговото значење. Можно е да се најдат и студии на случај за UML и потврди за негово користење во академски програми.
Може да се каже дека ова е еден од примерите во кои навистина корисни и благородни проекти од земјава не се доволно претставени и вреднувани, а секако имале извонредно големо значење за развој како на свеста за значењето на интерентот во образованието, така и за макотрпниот развој на самите ресурси од кои можеме сите да имаме полза. Се надеваме дека со овој напис барем малку е исправен пропустот во нивното слабо промовирање во Македонија.