Во текот на 20-от век се појавија многу „отворени“ филозофии и модели на кои им се заеднички желбата за слободно споделување, спречувањето на создавањето дупликати, избегнувањето рестриктивни авторски права, промоцијата на економска ефикасност и зголемувањето на пристапот до засегнатите страни. Еве некои од нив кои се значајни за образовната заедница:
Отворен код (во бизнисот и технологијата) | филозофија која се залага за опишување на применетите практики во развојниот процес и го промовира редистрибуирањето и пристапот до изворниот код на крајниот производ |
Софтвер со отворен код | подразбира достапност на кодот кој е развиен од страна на програмерите и слобода за негово прилагодување и менување од страна на други |
Хардвер со отворен код | технолошки рачно изработени уреди кои се дизајнирани и ставени на располагање на ист начин како и слободниот софтвер со отворен код |
Отворени стандарди | Според дефиницијата на ЕУ, отвореноста подразбира дека:
|
Отворен пристап | трајна, бесплатна достапност на истражувачката литература на јавниот интернет со дозвола корисниците да читаат, преземаат, копираат, дистрибуираат, печатат, пребаруваат или да поставуваат врски до целосните текстови, дозвола тие да бидат индексирани од страна на пребарувачите, да бидат додадени како податоци во софтвер или да се користат за каква било легална намена без финансиски, законски или технички бариери освен оние кои се неразделно поврзани со самиот пристап до интернет |
Отворен дизајн | развој на физички производи, машини и системи со користење на јавно споделени информации за дизајн, најчесто преку интернет и без парична компензација за искористеното знаење |
Отворено знаење | група на принципи или методологии кои се поврзани со пренос на знаења на отворен начин; знаењето вклучува податоци (научни, историски, географски…), содржини (музика, книги, филм), општи информации (пр. оние кои произлегуваат од владата) |
Отворени податоци | идеја зад која стои залагањето за достапност на одредени видови (најчесто нетекстуални) податоци, и слободно реобјавување без никакви ограничувања поради авторски права, патенти или други механизми на контрола; под поимот често се подразбираат отворените владини податоци |
Отворена содржина | се базира на дозвола на 4-те „Р“: реупотреба на содржината во непроменета форма, ревидирање (адаптирање и менување), ремиксување на оригиналната и променетата содржина со некоја друга со цел да се создаде нова и редистрибуција (правото да се споделуваат копиите, оригиналите или ремиксите со останатите) |
Отворени софтверски курсеви | материјали за курсеви развиени од универзитетите кои се слободно споделени со светот преку интернет |
Отворени образовни ресурси | образовни средства и содржини кои се слободни за употреба; образовни алатки кои се бесплатни и можат без никаков надомест да се користат во едукативни и истражувачки цели, кои промовираат слободна дистрибуција и го овозможуваат нивното умножување |
Отворени образовни практики | практики кои го поддржуваат создавањето, употребата и реупотребата на висококвалитетни ООР преку регулирани политики, кои промовираат педагошки модели, и почитување и охрабрување на оние кои учат да станат косоздавачи во процесот на нивното долговечно учење; се однесуваат на владината заедница која се занимава со ООР, креаторите на политики, менаџерите и административците во организациите, професионалците во областа на образованието и луѓето кои учат. |