Покрај технологизацијата на училиштата и другите образовни институции, во Република Македонија присутни се одредени активности и проекти кои ги допираат идеите и концептите на ООР. Еден од нив е проектот за бесплатни учебници кој се одвива од учебната 2009/2010. Сепак, овие активности наидуваат на низа проблеми, а се забележува и недоволна координираност на државата, невладиниот сектор и меѓународните организации и фондации за да активностите овозможат побрза реализација на „отвореното образование“. Некои од активности се преклопуваат, некои недостасуваат, некои се прекинуваат без да се премине во наредна фазата и така натаму. Потребно е развивање и спроведување на усогласен систем за технологизација, воведување софтвер, усвојувањеразвојни политики, изведување неопходни проекти и создавање содржини кои че се користат за едукација, во согласност со идеите на ООР.
Какви се состојбите во Македонија?
22/02/2012 од