Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Често поставувани прашања за Отворени образовни ресурси

Што се отворени образовни ресурси?
Концептот за Отворени образовни ресурси (ООР) ги опфаќа сите образовни ресурси, вклучувајќи ги и наставните програми, материјали од курсеви, учебници, онлајн-видеа, мултимедијални програми, поткасти, како и секаков друг материјал кој е дизајниран за употребување во настава и при учење, кои се бесплатно достапни за употреба од страна на наставници и ученици, без потребата од плаќање надомест за авторски права или такси за лиценца. [Прочитај повеќе…]

Често поставувани прашања за Отворен пристап

Што претставува отворениот пристап?
Отворениот пристап претставува достапност на научно-истражувачки содржини, бесплатно, преку интернет. Најпозната и најлесно изводлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа. [Прочитај повеќе…]

Новите медиуми како образовна алатка

Значењето на новите медиуми и како тие ја изменија нашата комуникација е веќе нашироко и надолго елаборирана тема. Социјалните мрежи, блоговите, видео сервисите, и така натаму, веќе се неодминлив дел од нашето секојдневие и во голема мера одредуваат со кого, како и колку комуницираме. [Прочитај повеќе…]

Што се „отворени образовни ресурси“?

Отворени образовни ресурси (ООР), Оpen Education Resources на англиски јазик, се образовни средства и содржини кои се слободни за употреба. Тоа се образовни алатки кои се бесплатни и можат без никаков надомест да се користат во едукативни и истражувачки  цели. Покрај тоа, ООР се слободни и за дистрибуција врз претходно дефинирани сопственички права кои промовираат слободна дистрибуција и го овозможуваат умножувањето на овие алатки. [Прочитај повеќе…]

Кому сè се потребни „отворените образовни ресурси“?

Отворените образовни ресурси имаат универзално значење, односно тие се важни за сите општества и земји, без разлика на степенот на нивниот развој и висината на животниот стандард. Во сите нив ООР можат значајно да придонесат за поотворено и полесно образование. Сепак, за неразвиените земји, земјите кои се во развој и општествата во транзиција, значењето на слободен пристап до образовните средства има поголемо значење. Може да се каже дека за нив слободната употреба на образовните средства многу повеќе влијае врз можностите за развојот и просперитетот на општеството.

Која е целта на отворените образовни ресурси?

Развојот на информатичкото општество и информатичката технологија придонесе да се смени начинот на кој се одвива образовниот процес и отвори нови можности во едукацијата. Во исто време новите можности претставуваат предизвик за досега користените начини за одвивање на образовниот процес кои стануваат еден вид бариера кон побрзи промени. ООР се обидуваат да ги надминат овие бариери кои се јавуваат во форма на авторски права, селективен пристап, сложени регулации, кориснички пречки и слично. [Прочитај повеќе…]

Кус историјат на ООР

Самиот концепт на ООР се надоврзува на поимот на Дејвид Вајли (David Wiley) за „отворена содржина“ (open content, англ.) промовирани во 80-те и 90-те години од XX-от век. Оваа негова кованица ја проширува идејата дека постои врска помеѓу движењето за отворен софтвер и движењето кое се залага за отвореност на содржините и нивно користење, особено во образованието. Вајли активно учествувал во создавањето на широко прифатената отворена лиценца за содржини „Open Publication Licence“, која олеснува достапност до материјалите и содржините. [Прочитај повеќе…]

OOР во светот

Иако ООР имаат академски и истражувачки историјат, нивните принципи се најпрецизно дефинирани од страна на ООН и УНЕСКО, кои имаат цел пошироко да ги промовираат предностите и придобивките од нив. Целта е да се олесни пристапот до средствата за едукација и да се надмине јазот помеѓу богатите и сиромашните земји, и слоеви во самите земји. Правото на образование и достапност до средствата за едукација е едно од најважните права на човекот за кое општествата мора да водат грижа. [Прочитај повеќе…]

Како да примените отворени образовни ресурси во наставата?

За образовни цели можеме да ги искористиме низа можности и материјали кои ги нуди интернетот.

На пример, кога се изведува наставата може да се употребуваат достапни содржини од различни области кон кои учениците и студентите можат да се навраќаат по потреба и желба и со тоа на значителен начин ќе го олеснат процесот на усовјување на одредени информации и знаења. Образованието се ослободува од рестрикциите на тоа да биде „затворен процес“ во самите институции, туку и добива можности за свое ширење и споделување по потребите и интересите на сите инволвирани во тој процес. [Прочитај повеќе…]

Како помагаат ООР?

Земено глобално различни земји се различно технолошки развиени и во различен степен успеваат ефикасно да ја применат технологијата во образовни цели. Сепак, постојат некои споделени тешкотии и проблеми кои ги поврзуваат поголемиот број земји и прашањата околу стекнување и споделување на знаењата: [Прочитај повеќе…]