Отворени образовни ресурси го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево

Тимот од Фондацијата Метаморфозис што го спроведува проектот Отворени образовни ресурси на 22.11.2019 година го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево, Струмичко. Таму беше одржана презентација на концептот на ООР, користа од ваквите ресурси и преку вистински примери каде редовно се употребуваат овие ресурси, наставниците беа запознаени со нив.

По презентирањето на концептот на отворени образовни ресурси следуваше работилница од интерактивен карактер на која наставниците беа охрабрени да создадат ресурси и соодветно да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци. На секоја работилница посебно внимание се посветува на создавањето на отворени ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Реализирани уште две посети на основни училишта во рамки на проектот Отворени образовни ресурси

На 12 и 14 октомври беа посетени уште две училишта во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси спроведен од Фондацијата Метаморфозис. Во основните училишта „Браќа Рибар“ во с. Табановце и „Мустафа Кемал Ататурк“ во с. Долно Количани беа одржани презентации и работилници чија цел е да се запознае наставниот кадар со концептите на ООР, нивната корисност, како и со вистински примери каде тие се употребуваат редовно во наставниот процес.

По презентирањето на концептот на отворени образовни ресурси следува работилница од интерактивен карактер на која наставниците се охрабрени да создадат ресурси и соодветно да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци. На секоја работилница посебно внимание се посветува на создавањето на отворени ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Продолжуваат презентациите и работилниците за ООР во основните училиштата низ Северна Македонија

На 4, 5 и 6 ноември 2019, тимот на Метаморфозис ги посети основните училишта „Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане, „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари и „Дитурија“ во селото Љубин. Овие посети, на кои најпрво се одржува презентација на концептот отворени образовни ресурси, а потоа следи интерактивна работилница, се дел од проектот Отворени Образовни Ресурси кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис. Преку ваквите посети, наставниот кадар на училиштата се запознава со ООР, нивната корисност и употреба во училницата.

Работилницата што следува по презентацијата е од интерактивен карактер и цели кон изработка на лични отворени образовни ресурси соодветно заштитени со Криејтив Комонс лиценци. Обучувачите го запознаваат присутниот наставен кадар со начините и алатките преку кои тие можат да создадат отворени ресурси, но и да ги заштитат со лиценца. Во секоја од работилниците посебен осврт се дава на создавање отворени образовни ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворено Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Работилница за создавање Отворени Образовни Ресурси во ООУ Кирил и Методиј во с. Кучевиште

На 01.11.2019, во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с.Кучевиште се одржа презентација и работилница во рамките на проектот Отворени Образовни Ресурси, кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис. Ова е втора ваква работилница реализирана во рамки на проектот, преку кој наставниот кадар се запознава со концептите на ООР, нивната корисност и примери каде истите редовно се користат во наставата. Во рамките на работилницата, обучувачите ги запознаа присутните со начините и алатките со кои може да создаваат отворени образовни ресурси, како и истите да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци.

Работилницата беше од интерактивен карактер и сите присутни имаа можност да ги заштитат нивните образовни ресурси, како и да се обучат да создадат нови, кои се соодветно лиценцирани со Криејтив Комонс лиценците. Посебен осврт беше даден на создавање на Отворени Образовни Ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија. 

Одржана презентација и работилница за изработка на отворени образовни ресурси во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“

На 31.10.2019, четвртокво основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, претставници на Фондацијата Метаморфозис одржаа презентација и работилница заедно со дел од наставничкиот колектив во рамките на проектот Отворени образовени ресурси (ООР). Преку презентацијата на концептите на ООР наставничкиот кадар се запозна со користа од примената на ваквиот концепт и погледнаа примери на редовно користење на отворените образовни ресурси во наставата. Така, наставниците добија појасна слика за ООР и се разви дискусија како тие може да ги користат овие предности при наставата во нивното училиште. Во рамките на работилницатаобучувачите покрај тоа што ги запознаа присутните со начините и алатките со кои може да создаваат отворени образовни ресурси, ист отака им посочија како да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци со цел нивно полесно споделување, но и заштита на дел од авторските права.