МОН за Телма: Нема да има јавна расправа за образовните реформи, секој може да достави свои забелешки, коментари и предлози до 20 јануари

За Националната стратегија за „Едно општество за сите“ беа организирани осум дебати, за образовните реформи нема да има ниту една.

Нема да биде овозможено директно соочување на аргументите на бројните образовни институции кои се спротивставија на новата концепција за основно образование.Овој заклучок произлегува од долгиот одговор на МОН, на прашањето на Телма, дали и кога се планира јавна расправа за концепцијата? За нив, под јавна дебата се подразбира самото тоа што концепцијата е јавно достапна на интернет страницата на министерството и можат да се доставуваат забелешки на мејл.

[Read more…]

Среќни новогодишни и божиќни празници!

Почитувани посетители на Отворени образовни ресурси, среќни новогодишни и божиќни празници! Ви посакуваме многу здравје, радости и успеси во новата 2021 година!

-тимот на ООР

На час по интегриран предмет нема да влегуваат сите професори, туку секој професор ќе го предава својот дел

Интегрираните предмети нема да бидат предавани само од еден професор, односно на тој час нема да влегуваат тројца наставници по историја, граѓанско образование и географија. Секој од професорите ќе треба да го предава својот дел, односно секој ја предава лекцијата што припаѓа на неговата дисциплина, меѓутоа ќе треба да се договораат меѓусебно како тематски да предаваат одредена тема, со цел таа да биде поврзана.

[Read more…]

Ајрулаи од БРО: Со новата концепција учебникот нема да биде единствен извор за учење

За подобрување на квалитетот на учење неопходно е да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни средства. Ова го констатираат голем број наставници, истакна Ајше Ајрулаи, раководител на сектор во Бирото за развој на образованието за време на гостувањето во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ 21.

[Read more…]

Чешката Академија на науки ја објави својата архива на старословенски јазик во дигитална форма

Академијата на науки на Република Чешка (АНРЧ) на 22 декември 2020 година објави на интернет дигитализирана верзија на својата архива за старословенскиот јазик, меѓу другото и огромен речник со над 20.000 одредници и над 840.000 зборовни форми, пренесува агенцијата Мета.мк.

[Read more…]