Оваа учебна година нема да се организираат училишни екскурзии, а поради пандемијата и нерационалното трошење средства за загревање на училниците, можно е и наставниците да почнат да ја изведуваат наставата онлајн од дома, најави министерката за образование Мила Царовска.
Таа ги повика директорите на училиштата, кои се одговорни за организација на екскурзиите, да најдат заеднички јазик со родителите на кој начин да се вратат парите што биле дадени минатата година.
– Годинава не може да се организираат училишни екскурзии. Може евентуално да се организира прошетка заедно со наставниците до локација оддалечена најмногу пет километри, заради социјализација – одговори на новинарско прашање Царовска.
За затоплувањето на училиштата, таа вели дека тоа е еден дел од обезбедувањето услови во училница за да се одржи настава, но најави можност наставниците да продолжат со наставата од дома.
Целиот текст е достапен тука. Извор: Факултети.мк