Фондацијата Метаморфозис, во рамки на своите истражувачки активности поврзани со отвореното образование, отворени образовни ресурси, и состојбите и предизвиците поврзани со онлајн наставата во изминатиот период, објавува повик за учество во фокус-групи.
Повикот е наменет за родители/старатели, наставници/наставнички, и менаџмент од основните училишта во РСМ. Предност ќе имаат апликации од наведените категории учесници, кои живеат/работат во рурална средина, и наставен кадар кој наставата ја спроведува на јазик на по малубројните заедници.
Во рамки на повикот, планирани се три одделни фокус-групи, односно по една за секоја наведена група учесници: родители/старатели, наставен кадар, и менаџмент на училиштата. Фокус-групите ќе се одржат онлајн, преку платформата Zoom. Истите ќе се спроведат во периодот помеѓу 24 и 28 август, 2020 година, секоја со почеток во 17 часот. За точното време на одржување на секоја фокус група, избраните кандидати ќе бидат дополнително известени. Услов за учество во фокус групите е пријавената да припаѓа на целната група за која се пријавува.
Начин на пријавување
Сите заинтересирани потребно е да испратат e-mail до организаторот contact@oer.mk, во кој задолжително ќе се наведат:
- Име и презиме
- Телефонски број
- E-mail адреса
- Место на живеење
- Назив и локација на училиштето во кое работат (во пријавите за наставен кадар и менаџмент)
- За која фокус-група се пријавуваат
Местата се ограничени, а селекцијата ќе биде на принцип на „прв-пријавен“. Еден учесник може да се учествува само на една фокус-група (на пр. доколку пријавената е наставничка во основно образование, но истовремено и родител на дете кои следи настава во основно образование, може да учествува или на фокус-група за родители, или за наставен кадар). Учесниците ќе добијат финансиски надомест во износ од 1500 денари за нивното учество во истражувањето.