Изработката на документот е иницирана од промените на текот и начинот на реализација на воспитно – образовниот процес во глобални размери, поради пандемијата предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид – 19.
Концепцијата треба да обезбеди непречено одвивање на едукацијата на учениците во основните и средните училишта од 1 септември 2020 година, преку прилагодување на процесот на новонастанатата ситуација и реалност.
Нацрт верзијата на Концепцијата е достапна на следниот линк.
Сите заинтересирани можат да дадат придонес кон подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, преку достава на предлози и сугестии на електронската адреса: mitkoceslarov@bro.gov.mk најдоцна до 10.7.2020.
Извор: МОН