Играта „Еко Маало“ кое ја изработи здружението на граѓани „Еко-логик“ е прва образовна друштвена игра за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Од денес играта е достапна на онлајн плаформата „Tabletopia“ и истата може да се користи на смарт уреди: аndroid и аpple, како и на компјутери.
„Целта на играта е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот“ – велат од „Еко логик“
Таргет група се сите граѓани над 10 години. Инструкциите за играта може да се погледнат на следниот линк, а визуелниот аспект на играта може да се погледне овде.
Од здружението додаваат дека поради предизвиците на новото дигитално време, започнуваат со дигитализација на самите игри, со цел времето поминато на мобилните телефони и компјутери биде квалитетно искористено.
Во изминатите години на постоење, покрај останатите активности, здружението стана препознатливо и по поставување на едукативни друштвени игри кои имаат за цел преку интерактивен и забавен начин да ги зголемат знаењата на значајни теми како што се: енергетска ефикасност, животна средина, велосипедизам, градење на вредности, одржлив развој и сл.
Извор: Meta.mk