Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија објави онлајн тура на отворениот музеј “Неолитското село” во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој е затворен за посетители согласно здравствените протоколи поради корона вирусот.
Техничката изработка на виртуелната прошетка е на Дончо Наумовски, а текстуалната поддршка на Елена С. Канзурова.
Во музејот под отворено “Неолитско село” се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8000 години.
извор: Мета.мк