Лариса Жулина-Митовски


Институција: ООУ„Јоаким Крчовски“Кр Палaнка
Лични сајтови:
https://larisamitovski.blogspot.com/
Кратка биографија: Лариса Жулина-Митовски Наставник е по музичко образование во ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, со вкупен педагошки стаж над 17 години. Таа е диригент на училишниот и градскиот окестар, кои секоја година се здобиваат со највисоки награди на регионални, државни и меѓународни фестивали, конкурси и натпревари. Автор и координатор е на проектот „Формирање на градски оркестар „АЛЕГРО“, финансиран и поддржан од Општината Крива Паланка. Член е на комисиите за општински и регионални натпревари по пијано. Автор е на стручен труд/публикација „Улогата на музиката во образовниот процес“, кој беше издаден на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев-Штип“. Композитор е на детската песна „љубов ли е“, изведена на Детскиот фестивал „Распеано симитче 2018“ и на детската песна „Весели првачиња“, изведна на Детскиот фестивал „Распеано симитче 2019“. Таа беше обучувач на одржаната обука за 47 наставници од ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка, за зачленување во мрежата на Microsoft Partners in learning. Добитник е на признанието Просветен работник на годината од Општината Крива Паланка за учебната 2018/2019 година. Таа беше коорганизатор на Meѓународниот детски литературен натпревар „Зборуваме руски“ – Скопје, 2018 и 2019 год. Лариса е носител на титулата Najbolji nastavnik bivše Jugoslavije. Професионално мото: „Учител-тоа е професија и начин на живеење“
Онлајн -тест „Најпознатите композитори на класична музика“
Опис: Креативен час по музичко образование кајшто учениците низ решавање на онлајн- тестот „Најпознатите композитори на класичната музика“ реално ги проценуваат своите знаења по предметот и на тој начин се самооценуваат.
Јазик: Македонски
«Знаци за промена на виснината на тоновите» - квиз за 7 одделение
Опис: Kahoot квиз - «Знаци за промена на виснината на тоновите» Музичко образование 7 одделение Тема3:Музичка писменост Наставна содржина: Знаци за промена на виснината на тоновите Повторување за тема 3
Јазик: Македонски