Вклучување на отворените образовни ресурси во образовниот процес – анализа на можностите и препораки

Со големо задоволство ве известуваме дека во рамки на проектот Отворени образовни ресурси се изготви и анализа за можностите за вклучување на отворените образовни ресурси во образовниот процес. Истата е достапна за преземавање на следниот линк, и ве покануваме да ја прочитате! [Read more…]

НајООР избор: претставување податоци во дијаграми, лостови, магнетно поле, и работилница за правата на децата

Продолжуваме со издвојување на ресурси изработени од учесниците во конкурсот, и ве охрабруваме и понатаму да создавате отворени образовни ресурси, кои го подобруваат квалитетот на образованието за сите ученици, особено учениците кои често немаат пристап до традиционалните наставни помагала – учебниците, и се потпираат токму на вашите ресурси, и интернетот, со цел да ги продлабочат своите знаења. Ви благодариме!

Овојпат ви ги претставуваме дел од ресурсите на Стефанка Николовска, Аида Петровска, Валентина Степановска Андонова, и Маја Георгиева, сите високо-пласирани учесници на нашиот конкурс.

[Read more…]

„е-Општество.мк“: Онлајн наставата крие многу ризици за злоупотреба на личните податоци на учесниците

Во онлајн наставата во образованието треба да се креира платформа преку која сите корисници, учениците, наставниците и родителите, ќе ја идентификуваат приватноста и безбедноста и ќе можат да ги контролираат податоците со цел да преземат мерки и да реагираат во случаи на инциденти од злоупотребата на нивните податоци.

[Read more…]

Наставниците за онлајн наставата: Недостига технолошка опрема, нема интеракција, а оценувањето е проблематично

Во разговор со „Порталб“, наставници од неколку основни училишта ги објаснуваат придобивките и тешкотиите на онлајн наставата, со кои се соочиле во текот на изминатите месеци. Според нив, на почетокот било многу потешко, како за учениците, така и за самите наставници, но постепено се прилагодиле на оваа форма на учење. Најчестите тешкотии со кои се соочуваат се недостигот на технолошки алатки и интернетот што им дава причина на учениците да не присуствуваат на час, неможноста наставникот да го следи одблизу развојот на вештините на учениците, како и постапката за оценување. Сепак, според нив, и покрај тешкотиите, учењето преку интернет во време на пандемија е најдобрата можна опција што им овозможува на учениците да не заостануваат во постигнувањето на целите на наставната програма.

[Read more…]

НајООР избор: олимписки додекатеон, мерни единици (тарзија), рецептори за светлина, и математичка соба – „escape room“

Продолжуваме со издвојување на ресурси изработени од учесниците во конкурсот, и ве охрабруваме и понатаму да создавате отворени образовни ресурси, кои го подобруваат квалитетот на образованието за сите ученици, особено учениците кои често немаат пристап до традиционалните наставни помагала – учебниците, и се потпираат токму на вашите ресурси, и интернетот, со цел да ги продлабочат своите знаења. Ви благодариме!

Овојпат ви ги претставуваме дел од ресурсите на Ненад Начковски, Силвана Јакимовска Бинова, Андриана Димитров, и Адријана Тодорова, сите високо-пласирани учесници на нашиот конкурс.

[Read more…]