Archives for декември 2013

Одржана тркалезна маса: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“

DSC 8435На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“.

На настанот поддржан од Фондацијата Метаморфозис, а на кој беше претставена Алијансата за отворени образовни ресурси, присуствуваа 35 учесници од основни и средни училишта, универзитети, библиотеки, невладини организации и јавни институции.

[Read more…]

Најава: Тркалезна маса „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“

На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии во при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржи тркалезната маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“. Овој настан е во организација на Алијансата за отворени образовни ресурси, а е поддржан од Фондацијата Метаморфозис. [Read more…]

Декларацијата за отворени образовни ресурси одблиску (2)

 Еден од клучните аспекти на ООР и на Декларацијата за ООР е односот кон авторските права и лиценцирањето на авторските трудови. Во овој дел тој афримативен однос се дефинира на следниот начин:

(ООР имаат за цел) да го промовираат разбирањето и употребата на рамките за отворено лиценцирање. Да ја олеснат повторната употреба, измената, комбинирањето и редистрибуцијата на образовни материјали низ целиот свет преку отворено лиценцирање кое се однесува на голем број рамки што овозможуваат различни видови употреба, истовремено целосно почитувајќи ги авторските права на сопствениците на содржините.

[Read more…]

Веб-апликација за поддршка на Декларацијата за отворени образовни ресурси на Македонија

По објавувањето на Декларацијата за отворени образовни ресурси во октомври годинава, Алијансата за отворени образовни ресурси ја промовира веб-апликацијата за потпишување на Декларацијата за отворени образовни ресурси која овозможува сите заинтересирани да ја изразат својата поддршка преку електронско потпишување. [Read more…]

Советот на ЕУ дискутираше за Отворените образовни ресурси, но без да навлегува во детали

Минатата недела, Советот на Европската унија составен од министри од земјите-членки дебатираше на темата „Отворени образовни ресурси и дигитално учење“. Дебатата се одржа за време на состанокот на Советот за образование, млади, култура и спорт на 25 и 26 ноември 2013 г. [Read more…]