Одржана осмата конференција е-Општество.мк

На 14 и 15 ноември во Скопје се одржа меѓународната конференција е-Општество.мк која оваа година беше насловена: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. Најголемиот дел од темите и одржаните сесии беа посветени на отворените образовни ресурси и поврзаните теми кон ова прашање и област, како што се отворениот пристап, правно-институционалните предуслови за развојот на отвореното образование во земјата и државите во регионот, итн.  [Прочитај повеќе…]

Осма меѓународна конференција е-Општество.мк

Метаморфозис и во 2012 продолжува со одржување на традиционалната конференција е-Општество.мк. Oсмата меѓународна конференција е-Општество.мк, оваа година ќе биде на темата: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“, а ќе се одржи на 14 и 15 ноември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Македонија. [Прочитај повеќе…]