Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Aнализа на законската рамка за образование и на можностите за вклучување на отворените образовни ресурси

Snap1Оваа анализа е мотивирана од неколкугодишната работа на полето на отворени образовни ресурси и препораките добиени од работната група за отворени образовни ресурси составена од членовите на Алијансата за ООР. Анализата го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони. [Прочитај повеќе…]

Видео: Зошто се важни отворените образовни ресурси?

video-oew15По повод Недела на отворено образование 2015, која се одржува во периодот 9 – 15 март 2015 година, го споделуваме овој видео запис направен од Алијансата за отворени образовни ресурси, во кој наставници и ученици одговараат на прашањето: Зошто се важни отворените образовни ресурси? [Прочитај повеќе…]

Извештај за отворени образовни ресурси во Македонија (2010)

Извештајот за отворени образовни ресурси во Македонија се фокусира на прашањето на „Отворените образовни ресурси“ (понатаму ООР) и концептот на примена на образовни материјали кои се достапни за слободна употреба, умножување и дистрибуција.  [Прочитај повеќе…]

Едукативни факти преточени во 27 цртежи

На 21 и 22 октомври, 20-тина деца на две едукативни ликовни работилници организирани од Метаморфозис, за време на фестивалот за млади „Џифони Македонија“, илустрираа пораки со интересни едукативни факти, користејќи темперни бои и фломастери.

Ви ги претставуваме цртежите на овие талентирани деца. [Прочитај повеќе…]

Декларација за Отворени образовни ресурси во Македонија

Алијансата за отворени образовни ресурси го поддржува развојот на Отворени образовни ресурси (ООР) во Македонија, врз основа на принципите на Париската декларација за Отворени образовни ресурси 2012 донесена од УНЕСКО на „Светскиот конгрес за Отворени образовни ресурси“ во 2012 година.

Поддршката значи согласност секогаш кога е можно да се почитуваат и применуваат препораките донесени на Конгресот со цел да се обезбеди отворено образование достапно за сите.

[Прочитај повеќе…]

Ново анимирано видео за македонските пари

Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот на кратки анимирани видеа изработени во рамките на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“. Како и претходните две, „Брзина на звук“ кое беше инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова видео се претставени едукативни факти, овој пат поврзани со македонските пари. [Прочитај повеќе…]

Второ кратко анимирано видео кое нè учи на отворено споделување на знаењето

Минатата недела, на меѓународната конференција е-Општество.мк беше промовирано второто од серијата кратки анимирани видеа за промоција на концептот отворени образовни ресурси и споделување на знаењето. Видеото се вика „Правопис“ и низ куса шеговита приказна пренесува една честа сцена од секојдневието, потсетувајќи нè колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното.

[Прочитај повеќе…]

Што знаете за брзината на звукот?

Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот.  [Прочитај повеќе…]

Презентации за запознавање со ООР

Презентациите се ресурс наменет за запознавање со отворените образовни ресурси и имаат примарна цел да допрат до учениците, студентите, наставниците и професорите, но и до сите останати кои можат да ги применат ООР во секојдневниот живот. [Прочитај повеќе…]

Водич за отворени образовни ресурси на албански јазик

Водич за отворени образовни ресурси на албански јазикСедмиот „Водич за ИКТ“ на Метаморфозис е за сите, бидејќи секој што сака да учи и да стекнува нови знаења може да има корист од него. Овој водич им е наменет и на оние кои го создаваат и сакаат да го споделуваат знаењето во секоја форма со цел да го направат подостапно и пораширено.

Низ овие страници можете да се запознаете со концептот отворени образовни ресурси и сродните иницијативи, состојбата во Македонија, да прочитате примери и добри практики од нивната примена во светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Целта е да научиме и веднаш да го примениме знаењето.

Преземи го водичот