Победници на изборот за Нај ООР наставник за 2016 година

На изборот за Нај ООР наставник за 2016 година, кој траеше до 10 февруари 2017 година, во кој учествуваа 4 наставници, а својот глас го дадоа 264 гласачи, за Нај ООР наставници беа избрани:

  • Зорица Милкова, ООУ „Тошо Велков – Пепето“, Кавадарци – изгласана од членовите на Алијансата за ООР
  • Адријана Тодорова, ООУ„Петар Мусев“, Богданци – избрана од стручна жири комисија

Наградата за победниците на изборот е учество на третата Едуконференција за наставници и информатичари 2017 која ќе се одржи во периодот 8 – 9 април, 2017 година во Хотел Дрим, Струга.