Archives for септември 2016

Отворена консултација: Документ за јавна политика – Можности за законска имплементација на ООР

oer logce transparentnoФондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” на Вестминстер Фондација за демократија, изготви документ за јавна политика на тема: „Можности за законска имплементација на ООР“. Во овој документ е содржана сеопфатна анализа на законската рамка за образование и можностите за имплементација на отворените образовни ресурси, имено таа го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за високо образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони. [Read more…]

Европска Недела на кодирање 2016 – Приклучете се!

enkЕвропскиот Code Week (Недела на кодирање), која се одржува во периодот 15 – 23 октомври,  е нова иницијатива која има за цел да ги доближи кодирањето и дигиталната писменост до сите на забавен начин.  [Read more…]