Европска Недела на кодирање 2016 – Приклучете се!

enkЕвропскиот Code Week (Недела на кодирање), која се одржува во периодот 15 – 23 октомври,  е нова иницијатива која има за цел да ги доближи кодирањето и дигиталната писменост до сите на забавен начин. 

ЗОШТО ДА НАУЧИТЕ ДА КОДИРАТЕ?

Денес живееме во свет кој е под влијание на рапидниот развој на технологијата. Начинот на кој работиме, комуницираме, купуваме и размислуваме е драстично променет. Со цел да ги прифатиме овие брзи промени и да го разбереме светот околу нас, ние не само што треба да го развиваме нашето знаење за тоа како функционира технологијата, туку и да развиваме вештини и можности, кои ќе ни помогнат да се адаптираме и живееме во оваа ера.

Учењето да кодираме ни помага да разбереме како функционираат работите, да истражиме идеи и да создаваме работи, за работа и за игра. Уште повеќе, ни помага да ја ослободиме нашата креативност и да соработуваме со прекрасни луѓе блиску, но и далеку од нас, низ целиот свет.

ВКЛУЧЕТЕ СЕ!

ОРГАНИЗИРАЈТЕ НАСТАН

Станете дел од Неделата на кодирање со организирање на настан. Направете промена преку инспирирање и мотивирање на другите. Сите се добредојдени да организираат настан. Само одберете тема и целна публика и вметнете го вашиот настан на мапата. Можете да го искористите и нашите алатки за организатори за да започнете. Погледнете го Алатникот за наставници и добијте идеи.

СПОДЕЛЕТЕ ЈА ИНФОРМАЦИЈАТА

Помогнете за оваа кауза преку пренесување на информациите за оваа Недела на кодирање. Доколку знаете некој кој би бил заинтересиран да организира настан, запознајте го со Недела на кодирање.

Прочитајте повеќе за Неделата на коридање во оваа презентација оваа презентација!

Кажи што мислиш на темава

*