Започнува Недела на отворено образование 2016

oew2016Неделата на отворено образование, која оваа година се одвива од 7 до 11 март, претставува глобален настан кој има за цел да го покрене интересот за бесплатно и слободно споделување во образованието и придобивките кои учителите и учениците би ги имале со истото.

Отвореното образование вклучува бесплатен и отворен пристап до платформи, алатки за проценка, истражувања и учебници, сите достапни за бесплатно користење и модифицирање под отворена лиценца. Движењето за отворено образование има за цел намалување на бариерите, зголемување на пристапот и трагање по подобрувања во образованието преку отворено споделување на образовните ресурси.

За повеќе информации околу настаните кои се организираат низ целиот свет, како и начини на кои можете да се вклучите, следете го хаштагот #Open #Education, а на овој линк погледнете ги сите планирани настани за оваа година.

Оваа иницијатива на глобално ниво ја координира Конзорциумот на Отворено Образование, кој претставува глобална заедница од стотици високо образовни институции кои се посветени на унапредување на отвореното образование и неговото влијание на глобалното образование.

Кажи што мислиш на темава

*