Archives for ноември 2014

Најава за презентација: Препораки за работа со отворени образовни ресурси

На 02.12.2014, вторник, во просториите на ЕУ Инфо Центар во Скопје, со почеток во 11.00 часот, ќе се одржи презентација на Препораки за работа со отворени образовни ресурси од страна на Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија. Презентацијата ќе трае 1 час. [Read more…]

Нацрт закон за авторски права од ЕИФЛ

Најпрво објавен во 2009, нацрт законот за авторски права на ЕИФЛ (2014) е практичен водич за помош на библиотекарите, како и на нивните правни советници и креаторите на политики, при ажурирање на националните закони. Предлогот содржи одредби кои го поддржуваат пристапот до знаење и мисијата на библиотеките во интерес на јавноста. Ажуриран во 2014 година, има за цел да ги отсликува последните законски случувања, тековните размислувања за политиките за авторски права и библиотечни услуги овозможени од страна на новите технологии. [Read more…]

Повик за избор на Нај ООР наставник и Нај ООР професор за 2014 година

Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија објавува повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2014 година. Номинирајте го Вашиот омилен наставник, професор или колега кој користи и создава отворени образовни ресурси во наставата! [Read more…]