5 митови за отворените образовни ресурси

Мит: На учениците им се потребни компјутери за да користат ООР. Кога Ерик Кристенсен, претседател на Отсекот за природни науки на Државниот колеџ на Јужна Флорида, за прв пат употреби ООР на неговите предавања, тој всушност подели испечатени верзии на содржините за неговите студенти – и направи достапна дигитална верзија. 

Мит: Учениците сакаат учебници. Ова беше вистина, но се помалку и помалку е така. Сепак, доколку студент инсистира на печатена верзија, охрабрете го да испечати по потреба или да создаде своја .pdf верзија која ќе ја испечати дома или во копирница.

Мит: ООР се второкласни во споредба со производот на мејнстрим издавачите. Но, не повеќе! Донации во вредност од милиони долари во фондации и владини пари од поддршката на Hewlett, Gates и други, резултира со професионални производи со целосен продукциски тим и рецензии од заедницата кои може да го поминат било кој тест.

Мит: ООР ги принудува факултетите да ги разоткријат нивните материјали за часовите. Тоа можеби беше вистина пред две или три години, но сега „Дојдовме до точка каде постојат многу готови достапни материјали“, вели Мелиса Барлет, инструкторка по биологија во Центарот за животни и здравствени науки на Општинскиот колеџ во Mohawk Valley (Њујорк).

Мит: ООР ги принудуваат факултетите да направат сопствени слајдови за презентација и банки на прашања. Постојат алтернативи. OpenStax има достапни презентации за нивните книги и препорачуваат неколку ресурси за прашања и студентски активности.

Извор: www.campustechnology.com