Елена Николовска


Институција: ООУ "Јоаким Крчовски"-Кр.Палан
Лични сајтови:
http://www.bonjourdumonde.com/blog/macedoine/3/
Кратка биографија: Елена Николовска, професор по француски јазик и книжевност и Амбасадор по француски јазик на Република Македонија е родена на 15.09.1984 година во Крива Паланка, Република Македонија, каде го има завршено своето основно и гимназиско образование (природно-математичко), а своите студии ги заврши на катедрата за романски јазици на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” – Скопје. По завршување на студиите, професор Николовска се вработи во ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка, како наставник по француски јазик каде работи и денес. Во текот на своето повеќегодишно работно искуство, професор Николовска, го надоградува своето знаење следејќи бројни национални и меѓународни обуки и семинари во повеќе градови во земјата (Скопје, Струга, Штип, Куманово,...) и во странство (Виши, Ница, Париз, Брисел, Женева, Софија,..) организирани од страна на Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на Република Македонија, Француската амбасада и францускиот институт од Скопје и Меѓународната организација на Франкофонија. Исто така, Николовска како обучувач го пренесе своето знаење на своите колеги од ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка во однос на следените семинари за Животни вештини преку практична настава и за Сумативно оценување преку теоретска настава, обуки органзирани и подржани од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на Република Македонија. На меѓународниот натпревар за најдобар блог, организиран за професорите по француски јазик ширум светот, блогот на професор Николовска беше избран меѓу најдобрите три блога во светот по француски јазик при што во 2014 година, професор Елена Николовска доби награда: професинално усовршување за обучувачи во Ница, Франција и од страна на организаторот беше прогласена за Амбасадор по француски јазик на Република Македонија.
Портфолио Семантис
Опис: Почнувајќи од 2011 година, професор Николовска активно се вклучува во меѓународни проекти на француски јазик каде преку проектот Семантис (http://www.semantica.fr/) остварува партнерства со училишта од повеќе европски земји како Франција, Белгија, Грузија, Романија, Молдавија, Полска и Србија. Овој значаен проект на сите партнери им овозможува да ги промовираат своите обичаи, традиции и култури на француски јазик, но и на мајчиниот јазик на секоја земја преку театарски претстави, приказни и легенди. Во периодот од 2011-2014 година, во рамките на овој проект, учениците од ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка имаа повеќе активности, а македонската култура и традиција ги промовираа преку снимените театарски претстави “Мрзеливата жена и метлата” и “Женско царство”, снимени на француски и македонски јазик (https://vimeo.com/88065800, https://www.youtube.com/watch?v=rFex-_VGURE, https://vimeo.com/94950644, https://www.youtube.com/watch?v=6KvO-Yo9C4U ) и истите беа промовирани пред бројната публика во Центарот за култура во Крива Паланка во рамките на Франкофонската вечер (2013 и 2014 год.) како и во Вроцлав, Полска (2014 год.) од страна на учениците со најдобри постигнати резултати. *Исто така, проектот Семантис беше избран за еден од најдобрите проекти во светот на француски јазик и истиот беше презентиран во рамките на Светскиот форум по француски јазик кој се одржа од 19-24 јули 2015 година во Лиеж, Белгија. Професор Николовска ги презентираше активностите на ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка, како партнер во проектот.
Јазик: Други јазици