Валентина Петрова


Институција: ОУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром
Лични сајтови:
http://valentinapetrova.weebly.com
https://www.scribd.com/user/53910105/Valentina-Petrova
Кратка биографија: Повеќе од 20 години сум наставник по македонски јазик во OОУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром, и во својата работа сакам да користам новини за кои сум слушнала, прочитала или во директна комуникација сум ги видела. Оттука, многу од работите што ги применувам ги научив од обуки, конференции, семинари, а не ретко и од едукативни форуми во коишто учествувам, па имам вредна колекција на изработки и материјали што сакам да ги споделам со своите колеги. Седум години на ред учествував на меѓународните конференции на ETEN (European Teacher Education Network) во повеќе места во Европа како излагач (5 пати) и како учесник (2 пати) каде што сретнав едукатори од сите нивоа од Холандија, Белгија, Обединетото Кралство, Норвешка, Финска, Португалија, Турција итн. и со коишто и денес комуницирам и разменувам искуства од различни области на полето на едукацијата на младите.
Анализа на книжевен лик
Опис: Ова го користам како помошно ливче во разгледување на книжевниот лик. Како некаква мала збирка на податоците според кои ќе биде анализиран ликот. Настана како мое истражување за тоа како најлесно ученикот да ги најде одговорите на трите најважни страни во анализата: 1. Како ликот се гледа себе си?; 2. Како другите го доживуваат?; 3. Како јас (публиката) го доживува?
Јазик: Македонски
План за 5 минути
Опис: Оваа шема ја користам пред воопшто да седнам да пишувам оперативен план, посебно ако целосно сум фокусирана на оценувањето.
Јазик: Македонски
Индикатори за оценување есеј/состав
Опис: За секој состав/есеј ја користам оваа табела којашто произлезе од повеќегодишно собирање информации за оценувањето. Уште повеќе, сугестиите од учениците ми беа добредојдени додека да стасам до конечната форма.
Јазик: Македонски
Индикатори за следење презентација
Опис: Како и индикаторите за вреднување есеј, и овој документ е произлезен од повеќегодишно истражување, и со помош на учениците настана оваа верзија што ја користам веќе 7 години. Ученикот секогаш знае што направил добро, на што треба да посвети повеќе внимание во иднина.
Јазик: Македонски
Презентации - зависносложени реченици
Опис: Плејлиста на YouTube наменете за појаснување и разработување на различните видови зависносложени реченици.
Јазик: Македонски