Листа на 40 едукативни веб-сајтови каде може да добиете бесплатно образование

Според веб-сајтот www.webometrics.info, постојат повеќе од 17.000 универзитети, но стекнувањето диплома од некои од нив е навистина скапо. Многу студенти ширум светот (и нивните фамилии) влегуваат во долгови или мораат да работат повеќе од 60 часа неделно со цел да си дозволат образование.  [Read more…]

Одржана работна средба за стратегија за работа со отворени образовни ресурси

На 3 јуни 2014 година, Метаморфозис и Алијасата за отворени образовни ресурси на Македонија одржаа работна средба на тема: Стратегија и план за работа со отворени образовни ресурси (ООР). Средбата се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, а присуствуваа 13 претставници на образовни институции, НВО и индивудуалци кои воедно се и поддржувачи на Декларацијата за ООР, кои дискутираа и разменија идеи за статусот, проблемите, бариерите како и решенијата за отворените образовни ресурси во Македонија.

[Read more…]

Создавање на ООР? Како да ги лиценцирате?

Кога едукаторите традиционално пишуваат учебник, тие генерално треба да потпишат договор за авторски права кај издавачите. Кога пишуваат учебници со отворен пристап или продуцираат некој друг вид на отворени образовни ресурси, нема потреба за потпишување на договор за авторски права – креаторите го задржуваат правото за копирање, дистрибуирање и повторна употреба на нивните дела. [Read more…]

Најава за работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР

На 03.06.2014 (вторник), 11:00 – 14:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Национална и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје,  ќе се одржи работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР.  [Read more…]

Извештај за отворени образовни ресурси во Македонија (2010)

Извештајот за отворени образовни ресурси во Македонија се фокусира на прашањето на „Отворените образовни ресурси“ (понатаму ООР) и концептот на примена на образовни материјали кои се достапни за слободна употреба, умножување и дистрибуција.  [Read more…]