На 18 и 19 март 2014, во Варшава, Полска, во организација на Centrum Cyfrowe, во соработка со Криејтив комонс и SPARC, поддржана од Фондациите Отворено општество, се одржува меѓународна работилница за политикa за отворени образовни ресурси. На настанот, кој е дел од Недела на отворено образование, присуствуваат активисти за отворено образование, експерти и креатори на политики од девет земји од Европа и Централна Азија кои ќе разменат искуства, ќе дискутираат најдобри практики и ќе направат заеднички планови. Учесниците доаѓаат од Чешка, Германија, Киргистан, Молдавија, Монголија, Полска, Романија, Турција и Македонија, од каде ќе присуствува претставник на Алијансата за отворени образовни ресурси. [Read more…]