По објавувањето на Декларацијата за отворени образовни ресурси во октомври годинава, Алијансата за отворени образовни ресурси ја промовира веб-апликацијата за потпишување на Декларацијата за отворени образовни ресурси која овозможува сите заинтересирани да ја изразат својата поддршка преку електронско потпишување. [Read more…]
Веб-апликација за поддршка на Декларацијата за отворени образовни ресурси на Македонија
Публикациите на УНЕСКО ќе бидат бесплатно достапни согласно новата Политика на Отворен пристап
УНЕСКО ќе ги направи достапни своите дигитални публикации за милиони луѓе ширум светот, бесплатно, со отворена лиценца. По одлуката на Извршниот одбор на организацијата во април, УНЕСКО постана првиот член на Обединетите Нации кој усвои политика на отворен пристап за своите публикации. Новата политика значи дека секој ќе може да ги преземе, преведе, адаптира, дистрибуира и повторно сподели публикациите и податоците на УНЕСКО без да плати. [Read more…]
ООР работилница со студентите на ФИНКИ
На 2 октомври во Скопје во просториите на „Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“ (ФИНКИ) се одржа работилница за отворени образовни ресурси (ООР).
На работилницата учествуваа членовите на студентскиот парламент при ФИНКИ, додека самата работилница се состоеше од два модула: „Вовед и трендови на полето на ООР“ и „ООР и употребата на Википедија“ изведена од м-р Василка Димитровска. [Read more…]
Донесена Париската декларација за ООР 2012
На светскиот конгрес за отворени образовни ресурси одржан во УНЕСКО, Париз, 20-22 јуни 2012, беше донесена Париската декларација за ООР 2012, која се повикува на повеќе претходни релевантни меѓународни декларации. [Read more…]