Работилница за политикa за отворени образовни ресурси во Варшава, Полска

На 18 и 19 март 2014, во Варшава, Полска, во организација на Centrum Cyfrowe, во соработка со Криејтив комонс и SPARC, поддржана од Фондациите Отворено општество, се одржува меѓународна работилница за политикa за отворени образовни ресурси. На настанот, кој е дел од Недела на отворено образование,  присуствуваат активисти за отворено образование, експерти и креатори на политики од девет земји од Европа и Централна Азија кои ќе разменат искуства, ќе дискутираат најдобри практики и ќе направат заеднички планови. Учесниците доаѓаат од Чешка, Германија, Киргистан, Молдавија, Монголија, Полска, Романија, Турција и Македонија, од каде ќе присуствува претставник на Алијансата за отворени образовни ресурси. [Read more…]

Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ презентиран во Приштина

Како дел од четиридневната конференција за слободен софтвер и сродни трендови во сферата на знаењето, која се одржа 7-10 септември во Приштина, Косово, претставник од Метаморфозис во рамките на куса работилница ги претстави иницијативите за отвореност на науката и образованието кои се преземаат во Македонија. [Read more…]

Работилница за ООР

На 21 јуни во Скопје во просториите на „Метаморфозис“ беше одржана работилница со група наставници и научни работници на тема отворени образовни ресурси. [Read more…]