На 31.10.2019, четврток, во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, претставници на Фондацијата Метаморфозис одржаа презентација и работилница заедно со дел од наставничкиот колектив во рамките на проектот Отворени образовени ресурси (ООР). Преку презентацијата на концептите на ООР наставничкиот кадар се запозна со користа од примената на ваквиот концепт и погледнаа примери на редовно користење на отворените образовни ресурси во наставата.


Ја продолжуваме востановената пракса на ООР сајтот да презентираме и препорачуваме домашни образовни ресурси. Се надеваме дека со нивното презентирање ќе ја прошириме нивната употреба, ќе помогнеме во нивна понатамошна афирмација, но и ќе мотивираме создавање на дополнителни ресурси во различни научно-образовни области. 


