Погодноста на отворените образовни ресурси не се состои само во нивно користење како готов образовен материјал. ООР можат да се употребат на различни начини кои го подобруваат, прошируваат и збогатуваат наставниот процес и интерактивноста со учениците.
ООР работилница со студентите на ФИНКИ
На 2 октомври во Скопје во просториите на „Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“ (ФИНКИ) се одржа работилница за отворени образовни ресурси (ООР).
На работилницата учествуваа членовите на студентскиот парламент при ФИНКИ, додека самата работилница се состоеше од два модула: „Вовед и трендови на полето на ООР“ и „ООР и употребата на Википедија“ изведена од м-р Василка Димитровска. [Read more…]
Мултимедијални содржини за безбедност и приватност на децата на интернет достапни на 5 јазици
Во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, се направи јазична адаптација на мултимедијалните ресурси за едукација и подигнување на свеста на децата во врска со потенцијалните опасности на интернет. [Read more…]
Краток анимиран филм за сајбернасилство
Анимираниот филм „Силеџија“ зборува за честата појава на заплашување меѓу младите со користење на мобилни телефони и интернет.
Филмот е изработен како дел од проект за подигнување на свеста за приватноста на интернет, додека јазичните верзии се развиени како дел од проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и регионот Долна Нормандија.
[Read more…]