На работната средба која се одржа на 3 јуни 2014 година, а на која беа присутни претставници на Алијансата за ООР, како и членовите на координативната група, беа утврдени неколку клучни елементи и состојби кои ќе помогнат во изработка на планот за понатамошната работа со ООР.
Препораки за работа со отворени образовни ресурси
Одржана тркалезна маса: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“
На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“.
На настанот поддржан од Фондацијата Метаморфозис, а на кој беше претставена Алијансата за отворени образовни ресурси, присуствуваа 35 учесници од основни и средни училишта, универзитети, библиотеки, невладини организации и јавни институции.
Најава: Тркалезна маса „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“
На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии во при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржи тркалезната маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“. Овој настан е во организација на Алијансата за отворени образовни ресурси, а е поддржан од Фондацијата Метаморфозис. [Read more…]