Опис за реализација на наставен час- Македонски јазик: Обработка на текстот „Дрвото и птицата“ I одд.

Преземи го ресурсот
Прикачен од: Анка Ангеловска
Автор: Анка Ангеловска
Опис: Описот на наставниот час изобилува со стратегии кои ја подржуваат и поттикнуваат јазичната писменост кај учениците посебно во одделениата од првиот период..
Наставникот е тој што го стимулира интересот за читање, кој треба да им го пренесе ентузијазмот за читање на учениците и да им укаже на вистинската вредност на читањето.
Примената на овие приоди во наставните практики придонесуваат кај учениците да се развија вештини повразни со разбирањето: користење на слики, претходно знаење, познавање на низа на настани, разбирање за главни ликови, давање на опции. Исто така кај учениците се поттикнува разбирањето и критичкото мислење кои се суштински елементи на читањето со значење. Се стекнува знаење дека печатените и пишаните симболи пренесуваат значење, знаење дека печатениот текст се чита од лево на десно и од горе надолу, препознавање на познат печатен текст во животната средина, знаење дека книгата има наслов, автор и илустратор, знаење да ракува со книги на соодветен начин. Се развиваат вештини за градење на значење преку текст, разбирање на текстот.


Област: Друга
Предмет: Друго
Ниво на образование: Основно
Јазик: Македонски
Тип на ресурс: Предавање
Формат: Текст или комбиниран ресурс
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 200
Рејтинг: