Планирање на наставен час за петто одделение по ликовно образование

Преземи го ресурсот
Прикачен од: Анка Ангеловска
Автор: Анка Ангеловска
Опис: Во планирањето на часот застапени се визуелните претстави во ликовните интердсициплинарни едукациски часови за деца.
Планирањето на наставниот час е со сите негови елеменити. Акцентирани се: програмско подрачје, наставна содржина, ликовна техника, мотив, образовни и воспитни цели, очекувани исходи, методи, форми, опис на оценување, наставни средства и помагала. Во опис на текот на активностите конкретно се образложени воведни активности- подготовка, активности за учење и поучување: ликовна разработка, упатсво за реализација на ликовната техника, откривање на целта на часот и технички упатства, практична реализација. Во секој дел од активноста на часот е поставена соодветна врска за визуелна нагледност. Планирањето содржи и евалуативни активности, aктивности на наставникот и ученикот, забелешки и рефлексија од реализацијата на наставниот час. Визуелните претстави придонесуваат кај учениците способност да ги интерпретираат, користат, проценуваат и создаваат сопствени визуелни претстави во различни материјали и техники.

Област: Уметност
Предмет: Друго
Ниво на образование: Основно
Јазик: Македонски
Тип на ресурс: Предавање
Формат: Текст или комбиниран ресурс
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 218
Рејтинг: