Час 13 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава


Линк до ресурсот: Ресурс
Прикачен од: Југослав Спасиќ
Автор: Југослав Спасиќ
Опис: Методска единица: Ставови
Цел: Ученикот да изведе повеќе различни почетни положби - ставови.
Форми на работа: Фронтална и индивидуална
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома
Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, подлога-теписон.
Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата.
Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма

Ставови се всушност положби од кои започнува некое движење. Може да биде и положба во дел од целата вежба или може да биде завршна полжба на движењето. Наставникот редоследно ги покажува ставовите од стоење па се до лежење. Поделени во неколку групи презентирани се повеќе од 30 ставови. Овие положби учениците со текот на вежбањето треба да ги препознаваат и по демонстрирање од наставникот, но и по нивниот назив кога наставникот го изговара или пак кога имаат можност да го прочитаат во некој литература, тогаш ќе може да направат претстава за истата положба или став. Започнуваме со ставови во Стоење, ставови во чучнување, на втора позиција се продолжува во ставови во Клекнување и ставови во Седење, а на третата позиција се завршува со ставови во Лежење и во Потпирање.
Структура на час: Ова е специфичен час во кој за цело време на часот учениците се запознаваат со различни положби или ставови поделени во шест групи.
Област: Природни науки
Предмет: Друго
Ниво на образование: Основно
Јазик: Македонски
Тип на ресурс: Веб-сајт
Формат: Видео
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 366
Рејтинг: