Јулијана Талеска


Институција: ООУ „Климент Охридски“
Лични сајтови:
http://www.mojataucilnica.wordpress.com
Кратка биографија: Се викам Јулијана Талеска. Наставничка по македонски јазик во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп. Имам завршено филолошки факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Постдипломец сум на катедрата за македонски јазик.
Games and workshops manual
Опис: Овој учебник е одличен за работа на час. Голем дел од работилниците можат да се адаптираат и да се искористат на часовите по македонски јазик, одделенскиот час, секција или додатна настава.
Јазик: Англиски
Игри за „Слободни часови“
Опис: Овие игри се добри кога атмосферата во училницата е падната. кога има потреба учениците малку да се анимираат, да се „протресат“, особено по или пред некоја тешка граматичка лекција. Може да се искористат и кога од часот ќе останат 5-6 минутки. Наместо да се гледаме еден во друг и да чекаме да ѕвони, можеме да си поиграме :) нели?
Јазик: Македонски
Имплементација на Мировното образование во наставата по македонски јазик
Опис: Во овој труд се изнесуваат ставови за потребата на Мировното образование во наставниот процес и начините на негова имплементација во наставата по македонски јазик. Трудот содржи практични примери од одржани часови во основно училиште во кои се вметнати тематски области значајни за Мировното образование. Методолошки користено е работа во групи, парови, писмени состави, дебати, видео презентации, гледање филмови, дискусии и техники и методи кои се користат во неформалното мировно образование. Клучни зборови: мировно образование, македонски јазик, имплементација
Јазик: Македонски
Презентација за именки и категории кај именките
Опис: Оваа презентација може да се искористи за шесто одделение по предметот македонски јазик.
Јазик: Македонски
Дигитален архив на македонскиот јазик
Опис: Одлична страна во која има ПДФ од многу значајни книги за македонскиот јазик.
Јазик: Македонски
Боенка „Мечето што не сакаше да спие“
Опис: На идеја на наставничката Гордана Јованоска (информатика), учениците и наставниците Јулијана Талеска (македонски јазик) и Влатко Николоски (ликовно образование) се направи проект кој усреќи многу дечиња. Проектот започна со создавање на драмскиот текст: „Мечето што не сакаше да спие“ од страна на наставничката Талеска. Таа мотивирана од српската детска песничка „Љутито мече“ од Брана Црнчевиќ го напиша драмскиот текст и истиот го спреми со драмската секција од ООУ „Климент Охридски“. Наставникот Влатко Николоски со ликовната секција нацртаа цртежи мотивирани од драмскиот текст, а наставничката Гордана Јованоска со неколку ученици, технички го обработија материјалот и на крај се доби прекрасна боенка која што беше подарувана на првачињата и на дечињата од градинките.
Јазик: Македонски