Анета Велкоска


Институција: ООУ „Браќа Миладиновци“
Лични сајтови:
https://www.youtube.com/channel/UC9DC_xd663Kbths0PDc5O7A
Кратка биографија: Анета Велкоска, родена на 19.08.1976 година во Скопје. По дипломирањето на Педагошкиот факултет во 2000 год. како професор по одделенскка настава, работи и стекнува искуство како наставник во повеќе училишта. Од 2006 год. па до денес работи во ООУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје во кое се реализира меѓународна програма и е акредитирано како IB училиште. Се стекна со големо искуство и знаење за реализација на меѓународната програма благодарение на посетените меѓународни IB обуки. Од 2015 година е Претседател на синдикалната организација во училиштето. Учествува во синдикални обуки, семинари и работилници за заштита на работничките права. Има работен стаж од 16 години и во текот на работењето има постигнати високи резултати. Нејзиното професионално надградување продолжува и понатаму со со уште поголем елан и ентузијазам. Ова се дел од нејзините стручни и дополнителни активности: Едукатор во едукативно-хуманитарен проект: „Прави мали дела со голема љубов“, проекти во соработка со Музеј на Македонија во улога на едукатор: проект „ Од жито до леб“, „Велигден“, „Коледе-Бадник“, „Што е тоа археологија“. До минатата година беше училишен еко координатор во еко проектот и активна во организирање на еко кампањи и акции за развивање на свеста кај учениците, возрасните и пошироката јавност за чиста и здрава животна средина. Едукатор во проект МИО со реализација на практичен час „Народни носии, инструменит и ора“ во збратимено училиште ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“. Позначајни проекти во состав на „Интеграција на еколошка едукација во воспитно-образовниот процес се : „Македонија без отпад“, „Цветен фестивал“, „Светски денови на акција“, „Еко пакет“, „Едно капаче една надеж“, освоено Зелено знаме и интернационален сертификат. Учествуваше и во еко проектот со збратимено училиште од Кипар. Во соработка со МТВ1 учествува во снимање и има главна улога во три образовни едукативни емисии за деца „Зелено, жолто, црвено“, Учиме да пазаруваме од мали нозе“, „Кога ќе пораснам“, подготовка на сценарио и снимање на истите на повеќе локации, учество во реализација на емисијата „Голем одмор“ со креативни работилници. (учебна 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 година). Работеше како стручен соработник во списанието за деца „Другарче“ со рубрика-креативно изразување и творење во корелација со наставните содржини кои се реализираат на часовите, средби со писатели, учество во едукативни работилници, промоција на сликовница „Секој има право да се храни здраво“, „Бон-тон за деца“. (учебна 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 год.). Поборник е за развивање на хуманоста кај учениците од најмали нозе. Вклучена е во хуманитарни работилници, настани и активности во соработка со СОС „Детско село“. Ментор на ученици во учество на општински, регионални, државни и меѓународни ликовни и литературни конкурси, математички натпревари. Наставник ментор на наставници,наставник- менотор за јазична писменост во почетните одделенија во училиштето. Добитник е на дипломи за менторство на ликовни конкурси: „13 Ноември“ , „11 Октомври“, „Флора и фауна“, ,Mizual Galery Museum-Газиантеп од Турција и др. Учествува во ТВ емисија „Таленти“ на Канал 5 ТВ со стручна тема “Како да ја развиеме креативноста кај учениците“ (март 2016), ТВ емисија-“Отворена програма“ на тема „Екологија и креативни изработки од еко материјали кои се реупотребуваа“. Учествува на трибини организирани од Детска радост и Просветно дело по повод јубилејот -70 години од постоење на Просветно дело на која се говореше за значењето на списанијата за деца во воспитно-образовниот процес во основните училишта.( Скопје,мај,2015 г.), трибина на манифестацијата „Средби под јаворите“ во соработка со Просветно дело,. Автор е на поетски творби издадени во книгата „Стихувалки 2018“ , „Стихувалки 2019“, „Стихувалки 2020“. Учествува во голем број меќународни проекти меѓу кои „Innovate your dreams“, „Spectrum“, „My magical dust“. Големо внимание и акцент става на инклузивното образование и работа со деца со посебни образовни потреби. Беше вклучена и во инклузивниот тим и тимот за користење на асистивна технологија во училиштата, учествува во обуки и работилници за инклузивно образование. Беше учесник во работилница на првата EX YU Конференција „Светот на образованието ги брише границите“. Минатата година беше прогласена за „Проветен работник на годината на Град Скопје“ за учебната 2018/19 година од страна на Здружението на просветни работници на Град Скопје во соработка со Град Скопје. Во организација на Асоцијацијата ANN EX YU во Будва ја освои Титулата најдобар наставник во земјите од поранешна Југославија. Во овој период учествуваше со едукативни часови на „ТВ училница“ МТВ1, писание за реализација на наставата на далечина во вонредни услови објавено во порталот Работник,МК. Постојано е активна со своите ученици во реализација на олајн часови и активности кои редовно ги споделува на ФБ страната на „Росица“ и Детски културен центар Карпош.
„Убавината е во различноста“ меѓуетничка интеграција
Опис: Мултикултурален проект од ученици од II одделение и одделенски наставник Анета Велкоска-презентации за христијанските празници Коледе-Бадник, Велигден и традиционална македонска кујна.
Јазик: Македонски