Анка Ангеловска


Институција: ООУ „Тошо Арсов“- Штип
Лични сајтови:

Кратка биографија: Вработена како одделенски наставник, 24 години. Учесник и реализатор на голем број обуки повразани со наставните практики.
Планирање на наставен час- Ликовен елемент во цртањето: Боја - спектар на бои
Опис: Во планирањето на часот застапени се визуелните претстави во ликовните интердсициплинарни едукациски часови за деца. Планирањето на наставниот час е со сите негови елеменити. Акцентирани се: програмско подрачје, наставна содржина, ликовна техника, мотив, образовни и воспитни цели, очекувани исходи, методи, форми, опис на оценување, наставни средства и помагала. Во опис на текот на активностите конкретно се образложени воведни активности- подготовка, активности за учење и поучување: ликовна разработка, упатсво за реализација на ликовната техника, откривање на целта на часот и технички упатства, практична реализација. Во секој дел од активноста на часот е поставена соодветна врска за визуелна нагледност. Планирањето содржи и евалуативни активности, aктивности на наставникот и ученикот, забелешки и рефлексија од реализацијата на наставниот час. Визуелните претстави придонесуваат учениците да ја разберат, да ја замислат визуелна информација и поттикнување на креативноста и оргиналноста во сликањето.
Јазик: Македонски
Планирање на наставен час за петто одделение по ликовно образование
Опис: Во планирањето на часот застапени се визуелните претстави во ликовните интердсициплинарни едукациски часови за деца. Планирањето на наставниот час е со сите негови елеменити. Акцентирани се: програмско подрачје, наставна содржина, ликовна техника, мотив, образовни и воспитни цели, очекувани исходи, методи, форми, опис на оценување, наставни средства и помагала. Во опис на текот на активностите конкретно се образложени воведни активности- подготовка, активности за учење и поучување: ликовна разработка, упатсво за реализација на ликовната техника, откривање на целта на часот и технички упатства, практична реализација. Во секој дел од активноста на часот е поставена соодветна врска за визуелна нагледност. Планирањето содржи и евалуативни активности, aктивности на наставникот и ученикот, забелешки и рефлексија од реализацијата на наставниот час. Визуелните претстави придонесуваат кај учениците способност да ги интерпретираат, користат, проценуваат и создаваат сопствени визуелни претстави во различни материјали и техники.
Јазик: Македонски
Опис за реализација на наставен час- Македонски јазик: Обработка на текстот „Дрвото и птицата“ I одд.
Опис: Описот на наставниот час изобилува со стратегии кои ја подржуваат и поттикнуваат јазичната писменост кај учениците посебно во одделениата од првиот период.. Наставникот е тој што го стимулира интересот за читање, кој треба да им го пренесе ентузијазмот за читање на учениците и да им укаже на вистинската вредност на читањето. Примената на овие приоди во наставните практики придонесуваат кај учениците да се развија вештини повразни со разбирањето: користење на слики, претходно знаење, познавање на низа на настани, разбирање за главни ликови, давање на опции. Исто така кај учениците се поттикнува разбирањето и критичкото мислење кои се суштински елементи на читањето со значење. Се стекнува знаење дека печатените и пишаните симболи пренесуваат значење, знаење дека печатениот текст се чита од лево на десно и од горе надолу, препознавање на познат печатен текст во животната средина, знаење дека книгата има наслов, автор и илустратор, знаење да ракува со книги на соодветен начин. Се развиваат вештини за градење на значење преку текст, разбирање на текстот.
Јазик: Македонски