Даниела Стојановска


Институција: ООУ„Христијан Карпош“, Куманов
Лични сајтови:
https://danielastojanovska.blogspot.com/
Кратка биографија: Професор по математика и физика, со стекнато образование ниво VII/1, на Институтот за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје. Наставник по математика со повеќе од 25 години работно искуство во ООУ „Христијан Карпош“: Главни активности и одговорности: Настава по математика Одделенско раководство Раководење со Училишен одбор Координатор на проекти и тимови за подршка Акредитиран обучувач на наставници Предавач на семинари од област на настава по математика Десеминатор на обуки за наставници Ментор на наставници по математика и физика Член на Управен одбор на Сојуз на математичари на Македонија Акредитиран организатор на натпревари по математика за учениците од основните и средни училишта за општина Куманово Член на организационен одбор на Јуниорска математичка балканска олимпијада Комуникациски вештини: Тимска работа, волонтерска работа на унапредување на институционална мултикултурна соработка, подршка и развој на општествена одговорност, граѓанско образование, подршка и учество на натпревари на знаења и манифестации Општествени вештини и компетенции: Oпштественa одговорност, информирање на пошироката јавност за образовните политики, научно издржани ставови за унапредување на нашиот образовниот систем и подобрување на резултатите од истражувањата на светските институти за образовни мерења, во емисијата СТАВ на ТВ Плус Куманово: https://www.youtube.com/watch?v=ayTbDyrJGio Организациски вештини и компетенции: Организатор на училишни, регионални и државни натпревари по математика за основни и средни училишта од Куманово, Ст. Нагоричане и Липково Републичка јуниорска математичка олимпијада и Јуниорска математичка балканијада Координатор на училишни проекти проекти: Проект за модернизација на училиштата Примена на стандарди за оценување на постигањата на учениците Проект за меѓуетничка интеграција во образованието ПМИО Вклученост на родителите во ПМИО Унапредување на природните науки Ерасмус +, Inovation starts with action Акредитиран обучувач на наставници на МОН, БРО и УСАИД во проектите на e-Schools: Иновативна примена на ИКТ во наставата; Користење на MS Windows: MS Word, MS Excel, MS Power Point во наставата Акредитиран обучувач на наставници на МОН, БРО и ФОН Универзитет во Проект за модернизација на образованието за програмите: Методи и постапки на планирање на наставата и вреднување на постигањата на учениците; Користење на EDUBUNTU: OPEN OFFICE CALK, IMPRESS, WRITER, DRAW во наставата Обучувач на наставници на МОН, БРО и УСАИД во ПЕП компонентите: Унапредување на оценувањето: формативно и сумативно оценување Примена на ИКТ во наставата Унапредување на природните науки Предавач на семинари организирани од Институт за математика, ПМФ,УКИМ Скопје Технички вештини и компетенции: Изготвување на развојни планови за унапредување на работата на училиштето и работа на училишни одбори, технички проект за оградување на училишен двор и други помали инфрастуктурни зафати. Вешто користење и изготвување на образовни содржини со помош на: Internet, MS Windows XP, MS Word, MS Excel, MS Power Point, Front Page I Publisher и Photo Shop; EDUBUNTU: OPEN OFFICE CALK, IMPRESS, WRITER, DRAW, ITalk, како и изготвување на образовни содржини со математичките апликации:GeoGebra, Dr.Geo, Kbruch, Keduka, Kig, KPercentage Креирање, ажурирање и споделување на дигитални образовни содржини Уметнички вештини и компетенции: Осмислување и подготвување на сценски изведби ( вокално-ритмички и драматизации) на ученици за промовирање и одржување на културното наследство и оштествено-одговорно живеење на училишни и општински приредби и манифестации Педагошки компетенции: Педагошко-дидактички стратегии за стекнување на знаења и вештини, развој и стимулирање на мотивацијата за учење, креативност, соработка, самостојност, критичко мислење, способност за разрешување на проблеми. Посветеност на унапредување на наставно- образовната работата, флексибилност, иницијативност, способност за тимска работа и работа со родители, комплементарна со професионалната работа; Интелектуална независност и докажан критички ангажман. Примена на позитивни сознанија од научни истражувања, воспитно-образовни мерења и други видов на валидна евиденција. Преземање на професионална одговорност за развој на личноста, талентот, ментални и духовни атрибути на ученик. Аналитичко мислење: Способност на разложување на проблемите на нивните составни делови и систематизирање Логичко евалуирање на ситуациите и решавање проблеми со користење на постоечките информации; Употреба на индуктивна и дедуктивна логика во донесување на заклучоци
Збир на внатрешни агли на триаголник
Опис: Интерактивна алатка за усвојување на знаења за агли во триаголник
Јазик: Македонски
Централна симетрија
Опис: Видео презентација на пресликување на точка, отсечка и 2Д форма, соцентрална симетрија.
Јазик: Македонски
Функција
Опис: Поим за функција, начини на задавање на функција и пресметување вредност на функција за даден аргумент.
Јазик: Македонски
Собирање и одземање на цели броеви
Опис: Интерактивен квиз за увежбување на собирање и одземање на цели броеви. Квизот содржи 15 задчи со повеќечлен избор и три вида на помош за ученикот:„пола-пола“, „повикај пријател“ „прашај ја публиката.
Јазик: Македонски
График на функција
Опис: Цртање на график на линеарна функција зададена аналитички. Гафичко толкување на коефициент на права и слободен член во аналитичкиот запис на секоја линеарна функција
Јазик: Македонски
Равенки од вид y=mx+b
Опис: Идентификување на елементи на равенка од вид y=mx+b, нејзино графичко толкување, цртање график зададен со равенката, како и составување на равенка на графички зададена права.
Јазик: Македонски
Низи
Опис: Поим за низа, определување на n-ти член на низа зададена со три последователни членови и определување на општ член на зададена низа.
Јазик: Македонски
Периметар и плоштина на квадрат
Опис: Интерактивен квиз за проверка на знаења за плошѕтина и периметар на квадрат.
Јазик: Македонски
Правилни многуаголници
Опис: Усвојување на знаења за внатрешни и надворешни агли на правилен многуаголник. Содржината е според различни нивоа на предзанаења на ученикот.
Јазик: Македонски