Југослав Спасиќ


Институција: ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово
Лични сајтови:
https://jugoslavsport.blogspot.com/
Кратка биографија: Наставник по Физичко и здравствено образование со 13 години работно искуство. Најдбар наставник на Екс-Ју простори 2019. Најдобар наставник за основно образование на РСМ 2013. Учесник, координатор и автор во повеќе од 15 национални и меѓународни проекти во образованието и училишниот спорт. Креатор на 120 видео упатства за Критериуми за оценување по предметот ФЗО. Автро и коавтор на повеќе од 20 прирачници, стручни трудови, акциски истражување и текстови за спорт и здравје. Основач на најуспешниот училишен спортски клуб, основач на Здружение на Спортски Педагози Куманово, член на комисија за развој во Атлетска Федерација на Македонија и други спортски организации. Како претствник на Федерација на спортски педагози на Република Северна Македонија за комисија позитивни образовни практики, како морална обврска чувствува потреба да креира видео часови (видео презентации) како дневни подготовки според планирања кое е изработено согласно Скратени Наставни програми за 1-5 одд. за онлајн; 6-9 одд. за онлајн и 7-9 Изборен спорт за цела учебна учебна година континуирано. Оваа проектна идеја ја креира со мото „Без физичко образовнаие - Нема образование“ се со цел учениците да останат физички активни, ментално здрави и духовно стабилни со образование од дома во услови на пандемија.
Час 7, 6-9 одд. за Физичко и здравствено образование
Опис: Седми наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на топка каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме координацијата. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и да знае ученикот да ги опише вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго.
Јазик: Македонски
Час 6, 6-9 одд. за Физичко и здравствено образование
Опис: Шести наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на топка. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата.
Јазик: Македонски
Час 5 за 6-9 одд. за Физичко и здравствено образование
Опис: Петти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит топка. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит топка и затоа е час за обучување, со цел подобрување на координација на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив.
Јазик: Македонски
Час 4, 6-9 одд. за Физичко и Здравствено Образование
Опис: Четврти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој без употреба на реквизит и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на тениско топче каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме координацијата. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и да знае ученикот да ги опише вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго.
Јазик: Македонски
Час 3, 6-9 одд. за Физичко и Здравствено Образование
Опис: Трет наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој без употреба на реквизит и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на тениско топче. Ова е втор час на кој вежбите се увежбуваат, повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно, а за другите наставникот да дава совети, насоки и упатства за да се подобрат изведбите.
Јазик: Македонски
Час 2, 6-9 одд.за Физичко и Здравствено Образование
Опис: Втор наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој без употреба на реквизит и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на тениско топче. Ова е прв час за презентација на вежбите и затоа е час за обучување.
Јазик: Македонски
Час 1, за 6-9 одд. Физичко и Здравствено Образование
Опис: На првиот час за 6-9 одделение ќе ги запознаеме сите ученици и нивните родители за Скратена прогама за онлајн настава по предемтот ФЗО, кои теми и содржини се планирани за текот на цела година и на кој начин ќе се одвива онлајн часот.
Јазик: Македонски
Час 8, за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Осми наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит јаже за прескокнување и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит јаже за прескокнување. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит јаже за прескокнување и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Сите вежби прво се изведуваат без реквизит, односно, со имитирање на движењата, како пониско или почетно ниво на знаење, а потоа се употребува јажето. Во домот сите вежби се изведуваат без јаже, заради висината на плафонот, а надвор во хол на зграда, пред семејна куќа или зграда и на отворен простор се применуваат вежбите со скокање на јажето. Моторичка цел за овој час е подобрување на експлозивна сила.
Јазик: Македонски
Час 9, за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Деветти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит јаже за прескокнување и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит јаже за прескокнување. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Сите вежби прво се изведуваат без реквизит, односно, со имитирање на движењата, како пониско или почетно ниво на знаење, а потоа се употребува јажето. Во домот сите вежби се изведуваат без јаже, заради висината на плафонот, а надвор во хол на зграда, пред семејна куќа или зграда и на отворен простор се применуваат вежбите со скокање на јажето. Моторичка цел за овој час е подобрување на експлозивна сила.
Јазик: Македонски
Час 10, за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Десети наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит јаже за прескокнување и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит јаже за прескокнување каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме моториката. Моторичка цел на часот е подобрување на експлозивна сила. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и ученикот да ги опишува вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго (Предлагања на нови вежби и модификации на вежби, Која група на мускули е нај оптоварена во текот на часот? Со кој реквизит се вежба и што може да биде алтернатива? Колку време вежбаат сами? Колку вежби изведуваат? Колку е границата за повторување на вежбите мин-макс? Каде вежбаат? Со кого вежбаат?)
Јазик: Македонски
Час 11 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Единаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со Ѕид како помагало и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така со Ѕид како помагало. Ова е прв час за презентација на вежбите со Ѕид како помагало и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Сите вежби се изведуваат на Ѕид или врата. Моторичка цел за овој час е подобрување на општа сила.
Јазик: Македонски
Час 12, за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Дванаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со Ѕид како помагало и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на Ѕид како помагало. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Моторичка цел за овој час е подобрување на општа сила.
Јазик: Македонски
Час 2 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование во одделенска настава
Опис: По завршување на првиот наставен час на кој во краток временски период учениците престојуваат во училиштето и се запознаваат со одделенската наставничка и наставникот по физичко и здравствено образование како тандем наставник, го започнуваме и вториот час на кој на учениците и на родителите им ја претставуваме скратената годишна програма за онлајн настава, планирање по предметот ФЗО како и структура и времетраење на часот, а секако и потребните реквизити за онлајн настава и нивни алтернативи.
Јазик: Македонски
Час 3 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование во одделенска настава
Опис: Трет наставен час од темата Запознај се со своето тело. На овој час е демонстрирано комплекс од динамични вежби кои се атрактивни за учениците од оваа возраст. Целтта е да се претстават поголем број на движења, а ученкот и родителот да изберат дел од нив кои ќе ги изведуваат за време на часот или по завршување на наставата. По првите два пасивн часови, ова е еден подинамичен со цела да ја најаваи суштината на предметот Физичко и здравствено образование во наставата.
Јазик: Македонски
Час 4 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образовани во одделенска настава
Опис: Четврти наставен час од темата Запознај се со своето тело. Методската единица за мерење на телесна височина на телото на ученикот ја даваме на интересен начин. Инаку, самата техника на мерење претставува физичка задача за манипулативни вештини и чусвтво на ученикот за просторот околу себе. За учениците од прво и второ одделение мерењето е пожелно да биде со помагање од член на семејството, додека за трето, четврто и петто одделение да се обидат сами да го изведат мерењето за што треба да им се даде подолг временски интервал. Преку број на повторувања на одредена физичка вежба, се мотивира ученикот да вежба и да ја запомни својата висина. Во часот се опшани повеќе вежби за скоро сите цифри од 0 до 9. Ученикот и родителот може да изберат дел од нив и да ги повторат по три до четири пати избраните 2-3 различни вежби.
Јазик: Македонски
Раздвижување на Мал одмор
Опис: Како дел од грижа за здравје на учениците ги даваме овие вежби кои може да ги изведе секој ученик за време на одмор од 10 минути помеѓу часовите. Видеото секој ученик може да го има подготвено на својот уред на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo и кога ќе започне одморот да го вклучи, да пушти тивка релсирачка музика, да проветри малку, да стави чаша вода покрај себе и да вежба за почеток според видео упатството.
Јазик: Македонски
Час 5 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование за одделенска настава
Опис: Петти наставен час од темата Запознај се со своето тело. Методската единица за мерење на телесна маса на ученикот ја даваме на интересен начин. Преку број на повторувања на одредена физичка вежба, се мотивира ученикот да вежба и да ја запомни својата телесна маса. Во часот се опшани повеќе вежби за скоро сите цифри од 0 до 9. Асоцијативно се дадени претежно вежби на подот или подлогата, за да ги разликува од вежбите за височина. Ученикот и родителот може да изберат дел од нив и да ги повторат по три до четири пати избраните 2-3 различни вежби.
Јазик: Македонски
Час 6 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование во одделенска настава
Опис: Шести наставен час од темата Запознај се со своето тело. Цртањето на стапалото, односно, планктограм е предизвик од моторички аспект за цртање-движења со појака и послаба рака околу една и околу друга нога. По завршување на цртањето, истиот цртеж да се исече со ножички, што претставува уште една физичка вежба и манипулација со раце. По исцртани и исечени 5-6 планктограми може да се искористат како реквизити и нагледни средства за физички актиности во просторот во собата. Сите вежби кои можат да се изведат со исечените плантограми се покажани во оваа видео, а учениците и родителите може да изберат дел од нив.
Јазик: Македонски
Час 7 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование за одделенска настава
Опис: Седми наставен час од темата Запознај се со своето тело. Цртањето на дланката, односно, дланкограм е предизвик од моторички аспект за цртање-движења со појака и послаба рака околу една и околу друга шака. По завршување на цртањето, истиот цртеж да се исече со ножички, што претставува уште една физичка вежба и манипулација со раце. По исцртани и исечени 5-6 дланкограми може да се искористат како реквизити и нагледни средства за физички актиности во просторот во собата. Сите вежби кои можат да се изведат со исечените дланкограми се покажани во оваа видео, а учениците и родителите може да изберат дел од нив
Јазик: Македонски
Час 8 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование во одделенска настава
Опис: Осми наставен час од темата Запознај се со своето тело. Цртањето на делови од телото е предизвик од моторички аспект за цртање-движења со појака рака и да се претстават сите делови.. По завршување на цртањето на делот од телото се преминува на изведна на физички активности, односно, физички вежби со тој дел (ако е еден дел) или тие делови (ако се два и повеќе) на тело во просторот во собата. Сите вежби кои можат да се изведат со овие делови на тело се покажани во оваа видео, а учениците и родителите може да изберат дел од нив или пак да изведуваат други вежби.
Јазик: Македонски
Час 13 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Тринаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит пилатес топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит пилатес топка. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит пилатес топка и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Вежбите може да се изведуваат со гумена детска топка со рачки за скокање и седење на неа, со топка за кошарка или со било која друга топка, а доколку нема топка може да ги изведува вежбите со имитирање на држење топка. Моторичка цел за овој час е подобрување на репетитивна сила.
Јазик: Македонски
Час 14 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Четиринаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит пилатес топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит пилатес топка. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Вежбите може да се изведуваат со гумена детска топка со рачки за скокање и седење на неа, со топка за кошарка или со било која друга топка, а доколку нема топка може да ги изведува вежбите со имитирање на држење топка. Моторичка цел за овој час е подобрување на репетитивна сила.
Јазик: Македонски
Час 15 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Петнаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит пилатес топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизитпилатес топка каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме моториката. Моторичка цел на часот е подобрување на репетитивна сила. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и ученикот да ги опишува вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго (Предлагања на нови вежби и модификации на вежби, Која група на мускули е најоптоварена во текот на часот? Со кој реквизит се вежба и што може да биде алтернатива? Колку време вежбаат сами? Колку вежби изведуваат? Колку е границата за повторување на вежбите мин-макс? Каде вежбаат? Со кого вежбаат?)
Јазик: Македонски
Час 16 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Шестнаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит дрвена палка. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит дрвена палка и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Вежбите може да се изведуваат со дрвена палка од било каква гоемина, пластична палка (што е најпожелно), јаже, ремен и слично, а доколку нема топка или друг прирачен реквизит, може да ги изведува вежбите со имитирање на држење палка. Моторичка цел за овој час е подобрување на репетитивна сила.
Јазик: Македонски
Час 19, 20 и 21 за 6-9 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образование
Опис: Тема2: Вежби за развој на општата психомоторика Методска единица: 19 Обучување на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Методска единица: 20 Увежбување на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Методска единица: 21 Интеракција на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на вежби за развој на мускули на телото и развој на моторни способности координација и репетитивна сила со реквизит шише со вода од 0.5 до 1.5 литри.
Јазик: Македонски
Час 9 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава
Опис: Tема: Запознај се со своето тело Методска единица: Истражувам што можам со моето тело?! Цел: Да изведе најмалку по една вежба со секој дел од телото со најмалку едно до две повторувања. Пример на вежби за работа од дома во соба или други простории. Вежбите ги опфаќаат сите мускули од глава до петица и се изведени во место и движење. За учениците од 1-5 одделение ова се многу вежби за еден наствен час, но се презентирани со цел да истражат со по едно до две повторувања на секоја вежба, што тие всушоност можат да направат-изведат со своето тело (Мускули-зглобови-коски). Видеото снимено во 360 степени формат кое може да го гледате или да го следите наставникот кој демонстрира со движење на глувче по екранот во насока во која тој се движи (сликата ротира лево-десно и горе-долу) на компјутер или со движење на паментен телефон во насоки во кои се движи наставникот што демонстрира вежби или со носење на VR очила, доколку видеото го пушти на својот компјутер родителот или ученикот. Доколку видеото го сподели наставникот преку споделување на својот екран, тогаш наставникот-одделенскиот наставник ќе мора да ја движи сликата во насока во која што се движи наставникот кој демонстрира како што е претходно опишано за ученик и родител.
Јазик: Македонски
Вежби за Кифолордоза и Спондилоза за Канцелариски работници, Exercises for Lordosis and Spondylosis
Опис: Кратко видео на кое се покажуваат и објаснуваат превентивни вежби за Кифоза, Лордоза и Спондилоза кои се јавуваат кај канцелариските работници и работници на биро од дома или студенти и ученици кои поминуваат подолго време во седење пред работната маса за учење и работа со компјутери. Секоја динамична вежба треба да се изведе со 10-12 повторувања или ако вежбата е статична да се задаржи една положба 10-12 секунди. Вежбите треба да се применуваат на секои 2 часа од работното време или по завршување на 2, 4 и 6 час од осум часовно работно време. Пожелно е да се изберат 10 вежби кои ќе се изработат во 5-6 минути пауза. На секоја пауза може да се изработат различни сетови на вежби.
Јазик: Македонски
Превентива и отстранување на деформитетите кај децата и училишната младина
Опис: Прирачник со текст, илустрации и совети за родителите и наставниците за навремено прeвземање на соодветни мерки и постапки преку кои можеме да спречиме навики за лошо држење на телото кај децата и училишната младина или да ја спречиме прогресијата на веќе настанато лошо држење или настанат деформитет. Наставен материјал во здравствениот дел на предметот во смисол на преентива од појава на деформитети при учење на далечина.
Јазик: Македонски
Значење на водата
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на водата со текст и илустрации за Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Значење на шапката (зимска и летна)
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Шапкатa (зимска и летна) со текст и илустрации како едукација за здравствениот дел за Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Значење на хигиена на рацете
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Хигиена на рацете со текст и илустрации за едукација во здравствениот дел за Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Значење на сонот
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Сонот со текст и илустрации за едукација на здравствен дел за Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Здрав начин на живот
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Здрав начин на живот со текст и илустрации за едукација на здравствен дел за Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Овошје и зеленчук
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Овошјето и зеленчукот со текст и илустрации за едукација на здравствениот дел од предметот Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Совет за обувки
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на адекватни Обувки со текст и илустрации за здравствена едукација од предметот Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Хигиена на нокти
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Хигиена на Нокти со текст и илустрации за здравствена едукација како дел од предметот Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Спортување
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Спортувањето со текст и илустрации за здравствена едукација од предметот Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Работа во група-тим-екипа
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Работа во група со текст и илустрации за здравствена едукација од предметот Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Хигиена на заби
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Хигиена на заби со текст и илустрации за здравствена едукација од предметот Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Витамини
Опис: Едукативен наставен флаер-постер со совети за значење на Витамините со текст и илустрации за здравствена едукација како дел од предметот Физичко и здравствено образование во одделенска настава од 1-5 одделение.
Јазик: Македонски
Час 17 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Седумнаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит дрвена палка. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Вежбите може да се изведуваат со дрвена палка од било каква големина, пластична палка (што е најпожелно), јаже, ремен и слично, а доколку нема топка или друг прирачен реквизит, може да ги изведува вежбите со имитирање на држење палка. Моторичка цел за овој час е подобрување на рамнотежа.
Јазик: Македонски
Час 18 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование
Опис: Осумнаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит дрвена палка каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме моториката. Моторичка цел на часот е подобрување на рамнотежа. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и ученикот да ги опишува вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго (Предлагања на нови вежби и модификации на вежби, Која група на мускули е најоптоварена во текот на часот? Со кој реквизит се вежба и што може да биде алтернатива? Колку време вежбаат сами? Колку вежби изведуваат? Колку е границата за повторување на вежбите мин-макс? Каде вежбаат? Со кого вежбаат?)
Јазик: Македонски
Час 10 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава
Опис: Тема: Запознај се со своето тело Методска единица: Правам вежби гледајќи илустрации Цел: Да изведе вежба која е асоцирана од цртеж. Примери од цртежи, илустрации, фотографии и слики преку кои ученикот најпрво треба да ги погледне илустрациите и да антиципира и замисли како движење треба на изведе според илустрацијата или истата да го асоцира на некое движење што сам ќе го креира. Во домашни услови член од семејство може да задава задачи-вежби според различни цртежи, а ученикот да изведува движења. За позисоко ниво се бара од ученикот да креира сам движења според илустрацијата. Видеото снимено во 360 степени формат кое може да го гледате или да го следите наставникот кој демонстрира со движење на глувче по екранот во насока во која тој се движи (сликата ротира лево-десно и горе-долу) на компјутер или со движење на паментен телефон во насоки во кои се движи наставникот што демонстрира вежби или со носење на VR очила, доколку видеото го пушти на својот компјутер родителот или ученикот. Доколку видеото го сподели наставникот преку споделување на својот екран, тогаш наставникот-одделенскиот наставник ќе мора да ја движи сликата во насока во која што се движи наставникот кој демонстрира како што е претходно опишано за ученик и родител.
Јазик: Македонски
Час 11 и 12 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава
Опис: Тема: Запознај се со своето тело Методска единица: Правам вежби како моето другарче Цел: Да изведе вежба која покажана, демонстрирана од член на семејството. Вежби кои се дадени од наставникот или од другарчето, ученикот треба веднаш да ги изведе или нешто слично на огледало. Ученкот ја гледа демонстрацијата, го препознава и аналзира движењето и најбрго што може и реагира со правење на вежба како своето другарче. Во домашни услови член од семејство може да задава задачи-вежби кои ќе бидат различни и тоа 10 до 15 вежби со што треба да внивама прво да задава вежби за загревање, потоа вежби за истегнување, па потоа може да дава различни вежби како главен и најинтересен дел од часот, а во следните часови да побара од ученикот да задава неколку задачи-вежби како повисоко ниво на знаење.
Јазик: Македонски
Час 13 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава
Опис: Методска единица: Ставови Цел: Ученикот да изведе повеќе различни почетни положби - ставови. Форми на работа: Фронтална и индивидуална Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, подлога-теписон. Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата. Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма Ставови се всушност положби од кои започнува некое движење. Може да биде и положба во дел од целата вежба или може да биде завршна полжба на движењето. Наставникот редоследно ги покажува ставовите од стоење па се до лежење. Поделени во неколку групи презентирани се повеќе од 30 ставови. Овие положби учениците со текот на вежбањето треба да ги препознаваат и по демонстрирање од наставникот, но и по нивниот назив кога наставникот го изговара или пак кога имаат можност да го прочитаат во некој литература, тогаш ќе може да направат претстава за истата положба или став. Започнуваме со ставови во Стоење, ставови во чучнување, на втора позиција се продолжува во ставови во Клекнување и ставови во Седење, а на третата позиција се завршува со ставови во Лежење и во Потпирање. Структура на час: Ова е специфичен час во кој за цело време на часот учениците се запознаваат со различни положби или ставови поделени во шест групи.
Јазик: Македонски
Час 14 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава
Опис: Методска единица: Вежби за раце и раменски појас Цел: Ученикот да изведе повеќе различни вежби за мускулите на раце и раменски појас Форми на работа: Фронтална и индивидуална Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, топка. Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата. Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма Часот го започнуваме со реквизит гумена топка со која се раздвижуваме, разигруваме воместо и во движење, односно се загреваме. Со топката изведуваме манупулативни движења за координација. Потоа вежбите за раце и раменски појас исто така ги работиме без топка за сите зглобови на мускули на рака и раменскиот појас и тоа редоследно. По вежбите за раздвижување и за истенување, некои вежби придонесуваат и за развој на сила на овие мускули. На крај на часот даваме неколку движења за лабавење на мускулатурата. Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се подинамични и со движење на телото во лесно трчање 1-2 метри напред-назад или лево-десно за загревање на телото. Во подготвителен дел се даваат вежби за истегнување на мускулите на телото. Во главниот дел на часот дадени се вежби за координација, а на крај се дадени вежби за лабавење.
Јазик: Македонски