Визуелизација: вебинари Отворени образовни ресурси за учебната 2020/2021 година

Почитувани,

во текот на претходната учебна 2020/2021 одржавме серија онлајн обуки – вебинари, сите на теми кои веруваме им беа потребни на наставниот кадар, родителите/старателите на деца кои следеа настава на далечина, стручните служби и менаџментот на училиштата во нашата земја.

На истите имавте можност да се вклучите и во живо, преку коментари, e-mail пораки, и дел од вас ја искористија оваа можност. Онлајн настаните беа снимени, и снимките се достапни за прегледување на нашата Facebook страница: https://www.facebook.com/oermacedonia [Read more…]

Наумовска: Матурантите препишувале на државната матура

Делови од текстови или цели текстови препишувале матурантите посебно по предметот англиски јазик, а тоа го евидентирале оценувачите на тестовите, рече денеска Елизабета Наумовска, директорката на Државниот испитен центар. Додека се чекаат официјалните извештаи на оценувачите кои треба да напишат што сè регистрирале, Наумовска рече дека тие нотирале препишани текстови.

[Read more…]

Повлечен е Предлог-законот за учебници, од Влада велат дека го враќаат на јавна дискусија

Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование е повлечен, објави на Фејсбук иницијативата „Учебници и настава мора да има“, која побара и референдум за законот кој ја отвора можноста за воведување дигитални учебници. Од иницијативата ова го нарекоа победа, додека истовремено од Владата и Министерството за образование појаснуваат дека не се откажуваат од носење на законот, туку го ставаат на јавна дискусија.

Од Иницијативата посочија дека дописот го добиле од Собранието потпишан од претседателот Талат Џафери, со кој тој ги информира дека Владата го повлекува предложениот закон.
[Read more…]

„Поддршка за онлајн настава“: Во првото полугодие родителите да изберат дали нивните деца ќе учат во училница или онлајн

Брзи тестови за учениците кои ќе одат со физичко присуство од септември, можност родителите да изберат дали децата ќе им учат во училница или од дома, како и можност за наставниците кои сакаат, да предаваат од дома. Ова се трите барања на членовите на Фејсбук групата „Поддршка за онлајн настава“, кои ги доставиле до надлежните во Министерството за образование и наука, како и до Комисијата за заразни болести.

[Read more…]

МОН се подготвува учениците од септември да се вратат во клупите

Министерството за образование и наука (МОН) подготви три сценарија за почеток на новата учебна година од 1 септември, кои заедно со протоколите денеска беа презентирани на Главниот координативен кризен штаб, информираат од МОН.

„Министерството за образование и наука е подготвено за спроведување на сите три сценарија, но очекуваме да почнеме со првото сценарио. Сите во Владата сме согласни дека најдобро е сите ученици од 1 септември да се вратат во училишните клупи под протоколите за заштита од ковид-19. Ова е првото и најпосакуваното сценарио, но сепак неговата примена ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заразни болести”, рече министерката за образование и наука Мила Царовска. [Read more…]