МОН: Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение

Ѓорги Божиков е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение, информираат од Министерство за образование.

Од таму додаваат дека изработката е во завршна фаза и во текот на летниот период истите ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за настава во новата учебна година.

Божиков вели дека е предизвик да се работи на учебници за деца и дека за прв пат е ангажиран во својата земја. Досега неговите ангажмани претежно биле за изработка на илустрации во едукативни материјали надвор од државата.

„Работам на општество и македонски јазик за прво одделение. Според мене, мислам дека најмногу децата во прво одделение ги привлекува бојата и затоа во моите илустрации се застапени попастелни и силни бои кои што на децата им оставаат некоја фотомеморија и потоа знаат да препознаваат предмети“, изјави Божиков, додавајќи дека најпривлечно за учениците на оваа возраст е токму илустрацијата која најмногу може да им помогне да научат одредени работи, како да се водат и да поврзуваат текст со илустрација.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Мета.мк