Приватност 2.0 – Заштите ја вашата приватност онлајн

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Приватност 2.0 – Заштитете ја вашата приватност онлајн, со почеток во 15:30 часот, на 22 април (четврток), 2021 година.

Ги покануваме сите заинтересирани од наставниот кадар, стручните служби, училишниот менаџмент, но и родителите/старатели на ученици да се пријават за учество на следниот линк за пријавување. Обуката ќе трае час и половина, и учесниците ќе имаат можност за дискусија со предавачите, и поставување прашања на темите од обуката.

На овој линк можете да ја погледнете и деталната агенда: Приватност 2.0 – Заштитете ја вашата приватност онлајн 22.04.2021

По завршување на вебинарот, материјалите ќе бидат достапни за сите учесници, лиценцирани со Криејтив Комонс, и слободни за повторна употреба, со наведување на извор. Ве охрабруваме да го споделите овој повик до сите на кои сметате ќе им биде од корист. Ве очекуваме!

Вебинарот Приватност 2.0 – Заштитете ја вашата приватност онлајн се спроведува во рамки на проектот Отворени образовни ресурси, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.