Ве покануваме на вебинарот „Основи на онлајн медиумска писменост“ кој ќе се одржи на платформата Cisco WebEx, на 24 март, 2021 година, од 16:00 до 17:30 часот.
Што ќе научите?
На овој вебинар, во најголем дел преку примери и интерактивен пристап, ќе научите:
- Кои се основните поими врзани со медиумската писменост
- Како да препознаете дезинформации и пропаганда
- Како критички да анализирате информации
- Како да консумирате интернет содржини паметно и одговорно
Кој ќе го води вебинарот
Вебинарот ќе го води АНА АНДРЕЕВА, комуникациски експерт со 20 годишно искуство во областите интегрирани стратешки комуникации и планирање, развој и позиционирање на бренд, бренд менаџмент, менаџмент на кампањи и настани, односи со јавност и медиуми. Во моментов таа е координаторка за комуникации во Фондацијата Отворено општество – Македонија и е одговорна за развој и имплементација на комуникациската стратегија на фондацијата, развој и имплементација на кампањи, креирање содржини за комуникациските канали на ФООМ и за односи со јавност и медиуми.
За кого е наменет овој вебинар
Студенти, средношколци и сите оние кои сакаат да се стекнат со основни знаења и вештини кои ќе им се потребни во секојдневието при консумирање различни содржини, особено содржини на интернет.
Општи информации
За информации врзани со вебинарот следете го линкот.
Работен јазик на вебинарот е македонски.
За сите дополнителни прашања пратете маил на: violetajonchevska@protonmail.com; qendresasulejmani@protonmail.com
Проверете на www.hive-mind.community
Покрај оваа обука, Ве молиме погледнете го порталот www.hive-mind.community. Hive Mind е дизајниран да Ве обучи и подучи да ги засилите Вашите вештини во дигиталната медиумска писменост во средина на соработка со Вашата заедница во пракса. Одбрани и верификувани алатки, нашата посебно направена алатка за следење на социјалните медиуми „Радар за социјалните медиуми“ и он-лајн курсеви кои можете да ги следите со брзина која Вам ви одговара се само некои од нив. И сето ова во безбедна и сигурна средина.
Оваа обука е иницијатива на TechSoup Europe во соработка со „Фондацијата Метаморфозис“, организацијата „Зашто не“ од БиХ и HIVE MIND
Metamorphosis Foundation works toward strengthening the awareness and capacity of citizens and civil society to assume their fullest possible role as activists for democracy, while supporting institutions to fulfil their democratic role in serving society with particular emphasis on the use of information technology and knowledge-sharing.
CA Zasto ne – Why not is an organization that works on the creation of a safe, secure, healthy, active, efficient and accountable BiH society through increasing civic participation, influencing government accountability, use of new technology tools and promotion of socially engaged culture on the whole territory of BiH together with other interested groups, organizations, institutions and individuals.
TECHSOUP EUROPE supports civil society organizations across the continent to use the best technology for social change. It equips change makers with transformative technology products, knowledge, and services so they may benefit from technology and make social change. TechSoup teaches how to use technology for good and connects unlikely collaborators, such as social activists, hackers, designers, government, local authorities and business partners. TechSoup builds communities with whom it tries to generate innovative solutions to social challenges.
HIVE MIND — is a harbor for a community of practice. In today’s digital world, our freedom of information is being challenged by sophisticated misinformation and disinformation tactics. We’re here to assist you in the journey of digital transformation and to support these freedoms by building media literacy skills throughout civil society and in communities where people come together to form trust and social ties.www.hive-mind.community