Лувр ја постави целата своја уметничка колекција онлајн

Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, им овозможи на љубителите на уметноста онлајн да „ѕирнат“ во неговата колекција.Францускиот музеј сподели онлајн платформа со сите уметнички дела што се внатре, односно повеќе од 480 000 експонати.Веб-страницата прикажува уметнички дела од колекции на осумте оддели на музејот, почнувајќи од исламска уметност и скулптури од ренесансата, до египетски антиквитети и слики од уметници од целиот свет.

„Денес Лувр ги расчистува своите богатства, дури и најмалку познатите“, рече Жан-Лук Мартинез, претседател и директор на Лувр.

„Зачудувачкото културно наследство на Лувр сега е на само еден клик“, додаде тој.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Радио МОФ