Младите не заминуваат од ќеиф: Да имаше квалитетно образование овде, не би одела во странство

Никој не би одбрал дда студира во странство ако образованието во татковината е квалитетно, вели студентката Ќендреса Бајрами во интервју за „Порталб.мк“, објаснувајќи ги причините поради кои решила да студира надвор од државата. Во моментов, според УНЕСКО, 5.704 студенти студираат на факултети надвор од Македонија, пишува „Порталб.мк“.

Ќендреса Бајрами, веќе четири години живее и студира на еден од најпрестижните универзитети во Велика Британија и вели дека земјата ја напуштила во потрага по подобра перспектива.

„Ја напуштив Северна Македонија пред четири години, а главна причина за моето заминување од земјата беше подобра перспектива за себе и да го завршам образованието на универзитет каде квалитетот е многу висок“, вели Ќендреса.

Таа истакна дека образованието во Велика Британија, спротивно на тоа што го видела во Северна Македонија, се заснова на знаење и способност на поединецот, а според неа, тоа го нема кај нас.

„Апсолутно, образованието во странска земја ви дава многу предности, тука не се прават разлики врз основа на религијата или расата, туку се цени знаењето и способноста на личноста. Тука нема корупција, додека за жал сите овие појави се случуваат во Северна Македонија; секогаш приоритет имаат побогатите, а по нив доаѓаат оние што се навистина способни“, вели Ќендреса.

Таа додава дека никогаш не би заминала од Македонија ако тука имаше услови за квалитетно образование, и жали што била „принудена“ да ја напушти земја.

„Во Северна Македонија не постојат добри појави кои ги спомнав претходно, да се цени знаењето и способноста на секој од нас студентите, ние би ја одбрале нашата земја за студирање, не заборавајте дека најлошото таму е што ние како Албанци сме и дискриминирани така што има многу фактори“, додаде Ќендреса.

Во меѓувреме, студентката која веќе четири години живее вон границите на Македонија зборуваше со голем копнеж кон родниот крај, рече дека тоа не се споредува со ниту една друга земја во светот. Поради тоа, сè уште не одлучила дали ќе продолжи да живее и по студиите во Велика Британија или ќе се врати дома.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Мета.мк