Ден на наставата на турски јазик – 21 декември

Денес е државниот празник Ден на наставата на турски јазик – 21 декември, неработен ден за сите припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

По повод овој празник, во официјална посета на нашата држава е претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, кој ќе ја отвори изложбата „Турското стреличарство низ историјата“ во Куршумли ан. Изложба е организарана од Институтот „Јунус Емре“ и Фондацијата на стрелци на Република Турција. Наставата на турски мајчин јазик во Република Северна Македонија има долга традиција, која започнува во 1944 година, кога за првпат се спроведува настава на турски јазик во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје.

Ви го честитаме празникот, и ви посакуваме успешна учебна 2020/2021 година!