Чешката Академија на науки ја објави својата архива на старословенски јазик во дигитална форма

Академијата на науки на Република Чешка (АНРЧ) на 22 декември 2020 година објави на интернет дигитализирана верзија на својата архива за старословенскиот јазик, меѓу другото и огромен речник со над 20.000 одредници и над 840.000 зборовни форми, пренесува агенцијата Мета.мк.

Дигиталниот портал за старословенскиот јазик Горазд (gorazd.org) е достапен на чешки, руски и англиски јазик, а за објавените материјали се достапни и преводи на германски, латински и делумно на грчки јазик.

„Светската експертска јавност со нетрпение го очекуваше објавувањето на Горазд“ – изјавил професорот Штефан Пилат од Одделот за палеословенски и византолошки студии при Институтот по славистика на АНРЧ, објави академијата. Порталот нуди опции за пребарување кои може да се користат и од истражувачи и од лаици.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Мета.мк