Наставниците за онлајн наставата: Недостига технолошка опрема, нема интеракција, а оценувањето е проблематично

Во разговор со „Порталб“, наставници од неколку основни училишта ги објаснуваат придобивките и тешкотиите на онлајн наставата, со кои се соочиле во текот на изминатите месеци. Според нив, на почетокот било многу потешко, како за учениците, така и за самите наставници, но постепено се прилагодиле на оваа форма на учење. Најчестите тешкотии со кои се соочуваат се недостигот на технолошки алатки и интернетот што им дава причина на учениците да не присуствуваат на час, неможноста наставникот да го следи одблизу развојот на вештините на учениците, како и постапката за оценување. Сепак, според нив, и покрај тешкотиите, учењето преку интернет во време на пандемија е најдобрата можна опција што им овозможува на учениците да не заостануваат во постигнувањето на целите на наставната програма.

Хајри Ќамили, наставник по ликовна уметност, истакна дека онлајн наставата е нов и тежок предизвик. За него многу е тешко оценувањето и неможноста внимателно да се следат вештините на учениците во ликовната уметност и тие го користат „Гугл“ за да дојдат до готово решение на задачите.

„Онлајн наставата и учењето е нов и многу тежок предизвик како за учениците така и за наставниците. Често пати можете да постигнете подобар квалитет отколку во училницата, но дури и тоа само по себе има некои мали недостатоци кои се издвојуваат. На пример, за време на наставата со физичко присуство во училница, беа ангажирани скоро најактивните ученици, а по предметот ликовна уметност имавме можност внимателно да го следиме развојот на вештините. Додека со наставата во далечина имаме потешкотии кои произлегуваат токму од употребата на „Гугл“ што им овозможува на учениците да дојдат до готово решение, без да имаат можност да го простудираат начинот на анализа и решавање на темата за цртање. Исто така, голем предизвик е и оценувањето на учениците, и покрај препораките од надлежните органи, оценувањето е еден од најтешките предизвици”, истакна Хајри Ќамили, професор по ликовна уметност.

За целиот текст кликнете тука. Извор: Мета.мк