НајООР избор: структура на атомот, логички задачи, и физичко воспитување во одделенската настава

По прогласувањето на победници на овогодинешниот конкурс, продолжуваме со промоција на отворените образовни ресурси кои се создаваа и споделуваа во изминатиот период од страна на десетици посветени наставнички и наставници.

Во продолжение издвојуваме неколку ресурси од учесниците во конкурсот, и ве охрабруваме и понатаму да создавате отворени образовни ресурси, кои го подобруваат квалитетот на образованието за сите ученици, особено учениците кои често немаат пристап до традиционалните наставни помагала – учебниците, и се потпираат токму на вашите ресурси, и интернетот, со цел да ги продлабочат своите знаења. Ви благодариме!

Од Александра Блажевска овојпат издвојуваме: Структура на атомот (.pptx)

Опис: Презентацијата содржи вовед во историскиот развој на откритијата за атомот какао и објаснуваање за градбата на атомот и едукативна игра за проверка на наученото

 

Од Југослав Спасиќ овојпат издвојуваме: Час 2 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование во одделенска настава (видео)

Опис: По завршување на првиот наставен час на кој во краток временски период учениците престојуваат во училиштето и се запознаваат со одделенската наставничка и наставникот по физичко и здравствено образование како тандем наставник, го започнуваме и вториот час на кој на учениците и на родителите им ја претставуваме скратената годишна програма за онлајн настава, планирање по предметот ФЗО како и структура и времетраење на часот, а секако и потребните реквизити за онлајн настава и нивни алтернативи.

 

Од Кети Наумоска овојпат издвојуваме: Логички задачи (.pptx)

Опис: Решени се неколку стари логички задачи (некои со променет текст, како во денешни услови) заради развивање на креативното размислување и подигнување на интелектуалното ниво на учениците.

Во наредниот период следуваат и други одлични отворени образовни ресурси, кои можете да ги пронајдете (и слободно да ги користите) и преку нашата секција „Ресурси“. Следетене не и на Facebook страницата на Отворени образовни ресурси.